Независната меѓународна истражна комисија на Обединетите нации за Украина го посети регионот Киев и разговараше со властите на Ирпин за механизмите што се користат при документирање на воените злосторства извршени од руските војници, изјави началникот на регионалната воена управа на Киев, Олекси Кулеба на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
„Заедно со началникот на Националната полиција на Украина во регионот Киев, Аднри Нибитов и главниот истражител на регионот Киев Виктор Лухови, одржавме работен состанок со меѓународните експерти и властите на Ирпин во врска со механизмите што се користат при документирање на воените злосторства извршени од Русите и доказите за кршење на човековите права извршени од терористичката држава“, истакна Кулеба.
Кулеба изрази благодарност до меѓународната заедница за нивните напори, бидејќи „изведувањето на Русија пред лицето на правдата за она што го направија во Украина е наша заедничка одговорност“.
Според Кулеба, повеќе од 1.300 цивили биле убиени од руските окупатори во Киевската област. Бројот на жртви продолжува да се зголемува, бидејќи спасувачите ги демонтираат урнатините на се повеќе куќи.
Подготви: Д.Мишев