• Latest
Џабир Дерала

Војната на Путин против сегашноста и иднината на светот

February 24, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Војната на Путин против сегашноста и иднината на светот

February 24, 2022 15:31
in ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин започна целосна инвазија од копно и од море врз мирољубивата, независна и суверена Украина. На Путин не му е доволно што од 2014 година окупира повеќе од седум проценти од територијата на украинската држава, па реши да го враќа „империјалниот сјај“ на Русија со воено разорување на целата земја. Украина одговори на агресијата и веќе започна со одбраната. Но ова не е (само) воена агресија на Русија врз Украина.

Путин е во војна со сегашноста и иднината на светот. Војна на сталинистичкото минато на Русија со современиот демократски свет. Војна во која Путин со својата воена и пропагандна машинерија се обидува да го врати светот во деновите на почетокот од Втората светска војна.

Прва и најголема жртва на војната на Путин се украинските цивили, кои од раните утрински часови ги слушаат сирените за тревога. Веќе во првите часови од војната има многу разурнувања и човечки жртви.

Меѓу жртвите, веќе одамна, со години наназад, се наоѓаат фактите и вистината. Од првите часови на војната, пропагандата доби на интензитет повеќекратно. Сајбер војната се разгоре паралелно со разурнувањата на линиите на фронтот. Паѓаат веб страниците на украинските институции и медиуми, сајбер нападите се бележат и насекаде низ светот.

Прашање на денови, ако не и на часови е кога последиците од хибридната војна ќе се почувствуваат во секој дом на европскиот континент и во остатокот од светот. Тоа ќе биде начин Путин да го убеди светот во неговата „вистина“.

Путин, тој студен деспот, лишен од морал, со тактики од времето на советскиот сталинизам, само усовршени, ги прегази сите договори и меѓународното право. Сега и за најнаивните стана очигледно дека тој само се подбивал со дипломатијата и дијалогот кој му го предложи Западот.

Путин конечно влезе во последната фаза од реализација на својот сон – враќање на Советскиот Сојуз, онака како што тој си го замислува, седнат на тронот на узурпираната врховна моќ во Русија пред повеќе од две децении.

Да, Путин изврши целосна агресија врз Украина, но и врз светот и современите демократски вредности. Требаше да се очекува тоа од него, иако светот, особено Европа, изгледаат како да се изненадени.

Во своите мрачни и неповрзани говори во последните неколку дена, Путин ја обвинува мирољубивата и независна Украина за нацизам. Вистината е дека агресијата врз Украина се извршува во истиот манир како војната во Полска, 1939 година, кога земјата ја поделија нацистичкиот режим од запад и сталинистичкиот од исток.

Путин ја обвинува Украина за геноцид. Вистината е дека режимот кој тој сонува да го врати спроведе геноцид со изгладнување на Украина, Холодомор, во 1932-1933 година, кога од глад умреа 3,9 милиони луѓе. И сега спроведува воена агресија со воена машинерија невидена во последните 80 години во светот, која нема никаква друга смисла и намена освен да предизвика незамисливо разорување, страдање и смрт. Геноцид.

Ова е последната, најкрвава етапа од бизарниот пат на рускиот диктатор и агресор. Како и секој автократ, Путин е заглавен во лавиринтот на сопствените трагични бесмислици. Трагични по Украина, трагични по Русија, трагични по светот.

Веројатно, историјата ќе забележи дека со оваа агресија, Путин ѝ помогна на Европа да се разбуди, барем за миг, од својот долг дремеж. Со години наназад, Европа и Западот (можеби се преправаше дека не гледа) се полигон за мешањето на Путиновата клика во нивните внатрешни работи, во економијата, политиката, изборните процеси, медиумите, културата и односите меѓу заедниците.

Европа треба да научи дека ако нешто не сака да се случи, не значи дека тоа нема и да се случи.

Дали Европа и светот ќе научат нешто од сопствените грешки и ќе останат фокусирани, обединети и решителни или силно ќе ги стиснат очите и ќе му дозволат на Путин да го врати тркалото на историјата за речиси еден век? Невозможно е да се даде одговор на ова прашање на првиот ден од нападот, но добро е да се постави.

Иднината е неизвесна, а минатото се врати на прагот на нашите домови. Бројчаникот на смртта се врти сè побрзо.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ