• Latest

Волкот влакното го менува, ама… – ден дванаесетти

October 7, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Волкот влакното го менува, ама… – ден дванаесетти

October 7, 2017 15:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборна кампања – ден дванаесетти, 6 октомври 2017

ДУИ

Партија што секогаш е со власта, за власта, до власта, покрај власта, секаде на опашката на оние што владеат, со максимална поддршка додека се во подем и со максимална резигнираност кога се во залез.

Кога бродот тоне, спаси се себеси, другите, во зависност од вредноста на нивното преживување. Брат за брат, сирење за пари. И сега, со нови сили, нов владетел и нов начин на водење бизнис, кандидатите за градоначалници мора да го обелат образот на лидерот на ДУИ.

Блерим Беџети ветува дека конечно ќе го развие и урбанизира Сарај. Водејќи се по максимата дека семејството е столб на едно општество, тој во изборната програма нуди повеќе столбови, барем една од скопските општини да ѝ одолее на постизборната стихија.

Значи, економски развој, култура, спорт, здравство, социјална политика, енергетика…, што уште недостасува во Сарај? Со Беџети ништо нема да му недостасува.

А, во Врапчиште? Подгответе се се за нова туристичка дестинација. Развој на руралниот туризам, чиста околина, здрава храна, механизирано земјоделство, сточарство за пример… Реџеп Реџепи, кандидатот за градоначалник, нуди живот доволно добар да не мора да се мисли на Швајцарија, Германија, Австрија… Што има таму, а нема во Врапчиште?

ВМРО-ДПМНЕ

Револуционерна партија, што десет години револуционерно, како никогаш досега во историјата на Македонија, ја матираше демократијата. А, од позиција на семоќен владетел, Никола Груевски, „чистиот“ Македонец, влегува во трка за задржување на пиедесталот од позиција на опозиција, со климава поддршка на членството, се продава на сметка на партиските кандидати  за градоначалници.

Затоа, Прилеп мора да знае дека моќта не доаѓа од криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа СДСМ лаже, туку од љубовта кон земјата и народот и дека нема потреба да бараат гласови од граѓаните, лесно можат да ги добијат на друго место.

Затоа и кандидатот за градоначалник, актуелниот градоначалник Марјан Ристески, во истиот манир, освен што ќе изгради театар, дневни центри за стари лица, „деца и лица со пречки во развојот“ (така рече лидерот), ќе се бори Прилеп да остане „чист“. Како казна за неверството на ДУИ, Ристески, барем за Прилеп ќе обезбеди чиста околина за чисти антички Македонци. Демек, двојазичноста ќе навлече и бегалци од Сирија, Алжир и Авганистан.

Марјан Ристески

СДСМ

По долга зачмаеност во сенката на режимот, со забрзан чекор врви кон промените. Толку брзо што човек страв да го фати, во кој столб можат да удрат, на кој праг ќе се сопнат или, не дај боже, да се лизнат на некоја од подметнатите лаги и криминали на опозиционерите.

Зоран Заев, душа човек, вети дека сè ќе направи да има живот и во Пласница. Не е битно што рекол кандидатот за градоначалник Шпресим Ајроски за оваа општина, живот си е живот. Важно селски и меѓуселски патишта ќе има, доста Пласница беше отсечена од светот или барем од Крушево.

Е сега, Кичево со Фатмир Дехари, кој досега беше репер за добрите односи на ДУИ со ВМРО… Сега е инвестиција за живот во Кичево.

Ако кичевчани бидат добри и му го продолжат мандатот на Дехари, Заев ветува дека ако досега не биле, отсега сите ќе бидат сплотени и еднакви. А една од мерките на Владата, токму за Кичево, за да не бегаат младите, е рок фестивал и тоа традиционален. Младите кичевчани сплотено ќе можат да „рокаат“ ноќе и да водат здрав живот дење, нели, чист воздух, велосипедски патеки, спортски клубови…

Беса

Новоформирано движење, партија, трн во око, трета опција за Албанците или втора да не беше? Како и да е, во духот на младата демократија, оваа новородена партија, со промената на власта, нуди поинаков поглед за она што им треба и што не им треба на Албанците во Македонија.

Ама, некому не му бил по ќеф нивниот кандидат за градоначалник во Сарај, Башким Бакиу, па му се заканувал по телефон. Нормално, за плашење е, Елвис Бајрам во Шуто Оризари спаси глава, ама за жал, Алит Абази во Кичево ја немаше таа среќа.

Спречување на изборни активности, вели Беса, но нека размисли Бакиу, случајно да не има некоја дамка во минатото што треба  некој да му ја исчисти?

Замавот на Беса во Општина Сарај тешко дека некој може да го запре, колку и да се обидува, велат од Беса, затоа – политички мотивирани закани и навреди нема да ги спречат. Напротив, ваквите акти, ќе им покажеле на Албанците кои се мирољубивите во албанскиот блок.

Скопје, 2017 

За да не ги заборавиме и татковците на Град Скопје, битни субјекти во изборната трка, честитки за Шилегов во Аеродром, со една маичка преобрати вмровец во сдсмовец.

Преобратениот аеродромец

„Па, за живот се работи“, така е, „с’ ким си, такав си“.

Само да се знае, волкот влакното го менува, ама…

А за Коце? Што да ви кажам, сè си знаете…

Биљана Јордановска

 

 

Tags: БесаВМРО-ДПМНЕДУИкампањакандидати за градоначалницилокални изборимитинзиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ