Санадин Волонер, новинар, граѓански активист и истражувач, на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на СДА Македонија, зборуваше за руското влијание во Босна и Херцеговина, низа призма на геноцидот во Сребреница.
„Рускиот свет или српскиот свет на Балканот, треба да ни биде јасно дека во своето делување не се грижи, односно може да плаши дека на малите народи и држави може да им се повтори Сребреница, Вуковар или злочини од други делови на Балканот. Затоа е навистина важно за Сребреница треба да зборуваме надвор од БиХ и надвор од месец јули во кој во целиот цивилизиран свет е застапената темата Сребреница“, изјави Волонер.
Волонер додаде дека низ призма на Сребреница се отвараат многу теми врзани за минатото, сегашноста, но и за жал иднината на БиХ.
Б. Ј.