Специјалните армиски единици „Волци“, „Шкорпиони“ и полициските „Тигри“ имаат задача да ги сотрат дивите свињи од светата македонска земја, поради вирусот „Африканска чума“.
„Доколку нашите единици не успеат да се справат со овој модерен тероризам, се мислиме да ја активираме и паравоената единица „Лавови“, за да им зададеме силен удар на дивите свињи“, велат нашите извори.
Акцијата ќе се одвива под кодното име „Сотрење“, а ќе се користи најмодерно оружје, вклучувајќи оклопни возила, тенкови, снајпери и хелихоптери „Апачи“.
Акцијата ќе се одвива низ цела територија.
Рамбо
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.