Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ побараа одржување на слободен и демократски конгрес, на којшто партиското членство ќе избере ново раководство. На свеченоста по повод 124 години од основањето на историското ВМРО, беа испратени бројни пораки за итни реформи на партијата.
Според Александар Михајловски, партијата натаму нема да штити криминал и корупција и ќе промовира нови политики, што ќе го заменат сегашниот, нефункционален систем.
„На Македонија ѝтреба реформирано ВМРО-ДПМНЕ. Да се обединиме и да организираме слободен конгрес, на којшто членовите ќе изберат нов лидер, за да ја вратиме довербата и на следните избори да извојуваме голема победа“, рече Михајловски.
М.Т.