• Latest

Вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветен на израелско-палестинскиот конфликт

October 10, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветен на израелско-палестинскиот конфликт

October 10, 2023 08:10
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат вонреден неформален состанок посветен на „последиците од најновиот развој на настаните во Израел и во регионот“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Најавувајќи го министерскиот состанок, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на платформата Х (Икс) наведе дека шефовите на дипломатиите на членките на Унијата ќе го разгледаат одговорот и следните чекори на ЕУ на последните случување и ќе ја преразгледаат развојната помош за палестинските територии.

– Свикав итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во врска со ситуацијата во Израел и во регионот, наведе Борел, кој се наоѓа во оманскиот главен град Мускат, каде денеска ќе се одржи состанок на Советот за соработка меѓу Европската Унија и Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ).

Борел, исто така на Х (Икс), објави дека во текот на вчерашниот ден имал средби со неколкумина високи владини претставници на земјите од регионот на Персискиот Залив, меѓу кои и со министрите за надворешни работи и за султанската канцеларија на Оман, Саид Бадр Ал Бусаиди и генерал Султан Ал Номани, со шефот на кувајтската дипломатија шеикот Салем Ал Сабах и со катарскиот државен министер за надворешни работи Солтан бин Саад Ал Мураики, со кои разговарал за ситуацијата во Израел и палестинските територии, како и за други регионални прашања.

Европската Унија инсистира на тоа дека Приштина мора што поскоро да формира Заедница на српски општини (ССО), во согласност со Бриселскиот договор од 2013 година, но нема можност да го „натер

– Итно да се приклучиме на меѓународните напори за запирање на насилството и спречување на регионалната дестабилизација… Треба да се работи неуморно за да се смени опасната динамика, наведе Борел во објавата, додавајќи дека ЕУ сака поблиска соработка со партнерите од реонот на Персискиот Залив.

Портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано на вчерашниот редовен пладневен брифинг информира дека министерскиот состанок на ЕУ ќе се одржи во мешан формат, при што дел од шефовите на дипломатиите ќе присуствуваат во живо на заседанието во Мускат, а останатите ќе се приклучат онлајн.

Стано истакна дека ЕУ го признава правото на Израел на самоодбрана при сегашниот напад од страна на исламистичкото движење Хамас, но дека при тоа мора да го почитува меѓународното право. Тој го повика Хамас да ја прекине агресијата и да ги ослободи киднапираните израелски граѓани, со што би започнало придвижување кон одржливо решение за смирување на тензиите на теренот.

– Сакаме Израел и Палестинците да живеат во мир, едни покрај други и да не бидеме сведоци на вакви драматични настани на какви што сме сведоци од саботата, истакна Стано, додавајќи дека она што во моментов го прави Хамас, само му наштетува на палестинскиот народ и на неговата кауза, како и дека ако двете страни не смогнат сили да започнат дијалог, тоа само ќе резултира со поголемо насилство.

Позицијата на ЕУ останува иста во однос на статусот на Ерусалим, за кој треба да се решава директно помеѓу Израел и Палестина. Поради ова ставот на ЕУ е земјите членки да не отвораат амбасади

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на платформата Х (Икс) вчера попладне објави дека ЕУ ги суспендира сите исплати за развојна помош за Палестинците до следната одлука, но синоќа Европската комисија соопшти дека поддршката не е суспендирана, туку дека ќе се разговара на таа тема.

– Во моментов нема да има прекин на исплатите, соопшти Европската комисија.

Ваквото соопштение уследи откако Министерство за надворешни работи на Шпанија, која е актуелен претседавач со ЕУ, информира дека шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес го известил Вархеји дека Мадрид не се согласува со одлуката за прекин на развојната помош за Палестинците поради нападот на Хамас врз Израел.

Според шпанското МНР, Албарес побарал за суспензијата на помошта за Палестинците да се разговара на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Вархеји претходно објави дека Европската комисија како најголем донатор на Палестинците, „го разгледува целосно своето портфолио за развој во вкупна вредност од 691 милион евра“.

Почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ што се одржув

– Сите исплати се суспендирани веднаш. Сите проекти се ставени под ревизија. Сите нови буџетски предлози, вклучително и за 2023 година, се одложени до следната одлука, наведе Вархеји.

Според него, размерот на терор и бруталност против Израел и неговиот народ претставуваат пресвртна точка и работите не може да се одвиваат како ништо да не се случува.

– Сега мора да се постават темелите за мир, толеранција и соживот. Поттикнувањето на омраза, насилството и глорификација на теророт ги затру умовите на премногу луѓе. Ни треба акција и ни треба веднаш, објави Вархеји.

Во судирите, што започнаа во саботата кога Хамас изврши напад врз Израел од територијата на Појасот Газа, што резултираше со возвратни воени акции на израелските сили врз палестински цели, загинаа најмалку 800 Израелци и околу 500 Палестинци.

Tags: ЕУИзраелПалестинаХамас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ