Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 92-та вонредна седница со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот.
Владината прес-служба соопшти дека почетокот на денешната седница е закажан за во 16 часот.
Предлогот за измени на Уставот произлегуваат од Договорот со Грција за решавање на спорот за името, кој трае веќе 27 години, и за менување на Уставот е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од претходните ставови, дека нема да поддржат промени на Уставот, а според премиерот Зоран Заев, доколку не се обезбеди потребното мнозинство, како единствена опција останува распишување на вонредни парламентарни избори.
A.П.