ЈЗУ Општа болница Кавадарци доби автомобил за потребите на медицнискиот персонал.
Автомобилот е донација на Дрекслмајер во рамки на програмата на компанијата за општествена одговорност.
Клучевите од автомобилот му беа врачени на директорот на болницата д-р Диме Коцев од страна на генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.
За Болницата во Кавадарци оваа компанија порано донираше и најсовремени апарати – гастроскоп и колонскоп. (МИА)