• Latest

Враќање на слободата!

September 22, 2017
Метро станица во Кијив, засолниште за цивилите од рускиот ракетен терор, 26 јануари 2023 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Меѓународната заедница издвојува над 22 милиони евра за изградба на засолништа во Украина

November 27, 2025
Скриншот од видео на Си-ен-ен

Катастрофален пожар во Хонг Конг, најмалку 75 загинати, стотици исчезнати

November 27, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕП усвои Резолуција за мировниот план за Украина и нови правила за лобистите што застапуваат интерeси на трети земји

November 27, 2025

Ка(сандра)

November 27, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Од Ниш до Приштина: Србија како главна порта за руското влијание

November 27, 2025
Скриншот Платформа Х

Данска воспостави „ноќна стража“ за да ги следи потезите на Трамп по спорот за Гренланд

November 27, 2025
Фото: МИА архива и Влада

Уставниот суд не донесе конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, се чека мислење од Собрание и Влада

November 27, 2025
Протестен марш за Палестина, Скопје 4 октомври 2025
Фото: Сите за П4лестина

Марш за Палестина на 29 ноември: Повик за солидарност и осуда на молкот на институциите

November 27, 2025
Војо Маневски

Без демократизација на партиите нема реформа во правосудството

November 27, 2025
Фото: ВИ

(ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025) Северна Македонија како поле на националистички ровови: Избори со крв и омраза

November 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Враќање на слободата!

September 22, 2017 17:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Панел-дискусијата „Враќање на слободата“ која во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода се одржа денеска во Клубот на новинарите во Скопје, започна со читање на „Граѓанската повелба“ на младите активист(к)и на ЦИВИЛ коишто претходно со уличен перформанс на централниот скопски плоштад, ја пренесоа пораката „Молчењето ја убива слободата!“.За Граѓанската повелба и начините за враќање на човековите права и слободи во општеството говореа Јасмина Голубовска, Ирена Стеријовска, Дехран Муратов и Југослав Петровски како модератор.

„Колку ние имаме слобода? Колку смееме да зборуваме за нашата слобода? Преку примерот со двете девојчиња кои не беа пуштени во училиште затоа што носеа шамии, се поставува токму прашањето: за која слобода можеме да зборуваме?  Кого ќе треба да слушаат тринаесетгодишните девојчиња,  родителите кои им наметнале, според религијата, да носат шамии или професорот што им забранил? Во одбрана на тие девојчиња, не застана ниту една од феминистките што ги знам, како многу гласни за женските права…“, изјави Дехран Муратов од ЦИВИЛ-Центар за слобода.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Јасмина Голубовска зборуваше за борбата за слобода во политичкиот контекст во Македонија. Таа истакна дека сензационализмот и заробеноста на медиумите го отежнуваат процесот на ширење на слободата и промовирање на промените за кои се бореа граѓанките и граѓаните. Токму неслободниот пристап до информациите, нетранспарентноста и недостатокот на комуникација со граѓаните, ги прави политичарите коишто сега се одговорни  за промените, подложни за критики.

Јасмина Голубовска, активистка

Ирена Стеријовска зборуваше за активизмот и за борбата на активистите за она за што чувствуваат внатрешен порив. „Активистот мора да знае за што се бори. А познавање на темата за која се бори е на некој начин експертизам. Јас ја поздравувам солидарноста, но активизмот е насочување кон идеја и тема за која си подготвен да одиш до крај. Само така, активистички се менуваат работите“, истакна Стеријовска.

Ирена Стеријовска, активистка

Модераторот Југослав Петровски ги поттикна говорниците и присутните на дискусија по неколку прашања за слободата на изразување и слободата на говор, но и за прашања поврзани со кршење на човековите права и слободи во изминатиот период.

Југослав Петровски, драмски писател и активист

Со овие активности, ЦИВИЛ е дел од светската кампања „Проговори!“ (SPEAK!), создадена како одговор на сè побројните напади врз основните човекови права и слободи, и културата на поделби која предизвикува свртување на луѓето – едни против други.

„Проговори!“ е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, а како дел од Civic Space Initiative.

Во сабота и недела, на 23 и 24 септември, како дел од проектот „Враќање на слободата!“ (ReClaiming Freedom!), во организација на ЦИВИЛ, ќе се одржат уметнички работилници во Градскиот парк, со почеток во 16 часот.

Во вечерните часови овие два дена, на платото на Универзитетот на ЈИЕ, во скопската Стара чаршија, присутните ќе можат да ги погледнат пораките за слобода, произлезени од уметничките работилници, да се информираат за кампањата „Проговори!“ и добро да се забавуваат со ди-џеј сетовите во избор на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

 

 

Tags: „Молчењето ја убива слободата!“Враќање на слободатаГолубовскаГраѓанска повелбаМуратовпанел дискусијаПетровскиПроговори!СтеријоскаЦивикус
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Почеток на крајот

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Српските банки се закануваат со прекин на трансакциите со НИС ако компанијата не добие американска лиценц

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Радев со жестока реакција, државниот врв молчи – ЦИВИЛ со осуда: Нападот врз новинарот Перев е чин на омраза и удар врз демократијата

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Самоубиствена самоизолација

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ