ЗОРАН ИВАНОВ
Претседателот на Беса, Билал Касами, и не само тој од актуелната македонска политичка орбита, пак најавува уцени, предупредува дека неговите немало да ги гласаат уставните за ЕУ доколку во највисокиот правен акт терминот “20%” не се замени со терминот “Албанци” што, гледано политички и не би било спорно, но ова само доколку, како што тврдат и некои експерти, тоа не би предизвикало тектонски уставно јазични дисторзии бидејќи, предупредуваат, со елиминирањето на процентуалниот лимит, кој сега како етно факт е извлечен од државните пописни евиденции, паѓаат и процентуалните ограничувања со што се отвора уставна обврска за јазична рамноправност и за другите уставни колективитети од преамбулата па, аналогно на тоа, би се анулирала и актуелната рамковна дефиниција “втор службен јазик” што пак повлекува уставно евидентирање на државно ниво и на трет, четврт, петти, шести, седми, …, службен јазик, практично уставно дефинирање на уште толку рамноправни службени јазици колку што во Македонија има народи па, кажано во оваа една реченица, да не биде после “врапчето го пуштивме од рака па сега гулабот ни се смешка од гранка”!