Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, за престанување на точката 9 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и со тоа се овозможува да се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово, и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово, Ростуше и град Скопје.
На седницата е донесен и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во казино.
Владата го донесе и Протоколот за постапување на средните училишта за време на полагањето на квалификацискиот испит во учебната 2020/2021 година.












