• Latest

Вучиќ за в четврток најави одлука за испраќање на српска војска во Косово

December 12, 2022

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ за в четврток најави одлука за испраќање на српска војска во Косово

December 12, 2022 18:47
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека српската Влада в четврток ќе донесе одлука за испраќање барање до КФОР за обезбедување присуство на српските сили во северниот дел на Косово, јави Танјуг.

Владината седница е в четврток и како што стојат работите, Владата ќе донесе одлука за испраќање писмо до командантот на КФОР, истакна Вучиќ.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека Франција е многу загрижена поради зголемените тензии на северот на Косово.

Франција е многу загрижена за ситуацијата на северот на Косово и остро го осудува неприфатливиот напад врз мисијата ЕУЛЕКС на Косово и секое насилство на теренот, се наведува во соопштението на Министерството во Париз.

Франција потсетува дека го поддржува европското посредување меѓу Србија и Косово, кое треба да овозможи „придвижување кон глобален договор“ и ги повикува „двете страни да се вратат на дијалогот“.

Барикадите во северниот дел на Косово денеска не беа отстранети и покрај барањата на амбасадите на САД и Велика Британија во Белград и Приштина и повторениот повик на ЕУ двете страни да ги намалат најновите тензии.

За „опасниот пораст на тензиите во Косово“ денеска разговараат и министрите за надворешни работи на Унијата.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ги повика Белград и Приштина на деескалација на тензиите, истакнувајќи дека барикадите на Косово и нападот врз припадниците на ЕУЛЕКС се неприфатливи и дека двете страни мора да се вратат на дијалогот.

Тензиите се зголемија во текот на викендот во северно Косово, кога непознати лица пукаа врз полицајци и фрлаа шок бомби врз припадниците на ЕУЛЕКС, мировните сили на ЕУ.

Српските демонстранти поставија барикади за блокирање на сообраќајот на двата гранични премини меѓу Косово и Србија, незадоволни од апсењето на поранешен полицаец.

Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат по последната серија немири, кои го принудија Косово да ги одложи локалните избори во општините со мнозинско српско население од 18 декември 2022 на 23 април 2023 година.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: војскаВучиќКосовоседницаСрбијатензии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ