ЦИВИЛ денеска организира панел дискусија „Црната пропаганда против граѓанското општество“ што ќе се одржи во хотел Парк Резиденс & Спа (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот. На панелот претставниците на граѓанското општество, македонски и хрватски активисти, ќе дискутираат за црната пропаганда против граѓанското општество.
Рокот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ истекува на 10 јули, на полноќ, објави ЦИВИЛ. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги соопшти добитниците на наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19. СЕММ ќе ги објави наградените во 12 часот на својата фејсбук-страница.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Развојната банка, Кире Наумов на прес- конференција ќе ја промовираат бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“ во 10 часот. (на македонски јазик: https://youtu.be/APA_IEIZ7cM и на албански јазик: https://youtu.be/TPZuZH04kb8/
Прес-конференција на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини по повод донесувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, национален парк во 12 часот. (на македонски јазик: МК – https://youtu.be/73SxVQEycJI и на албански јазик: АЛ – https://youtu.be/EI_8ec2LR4w/
Промоција на две нови патентирани иновации кои ќе бидат применети прв пат во Скопје во 20 часот на зелениот покрив на Дом на градежници.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе учествува на настанот „Деновите на жетва– ЖИТО ЗА ЖИВОТ“ што ќе се одржи денеска во ЗК Пелагонија-Битола, во 11 часот.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет со почеток во 12 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.