ПОВРЗАН БАЛКАН На иницијатива на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во Скопје се одржува „Економски форум за регионална соработка“.
РЕЗОЛУЦИЈА Собранието денеска треба да продолжи со работа по 47-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа резолуција предизвика реакции во јавноста, меѓу кои и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој во своја колумна ја постави дилемата на која одговорот е лесен: „Резолуција за национални интереси или политичко профитерство и киднапирање на процесите?“.
ИЗБОРНИ ИЗМЕНИ Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници влегоа во собраниска процедура. Тие, освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори, кои според најавите и на власта и на опозицијата, треба да се одржат на 17 октомври. Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но и реакции од оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.