ЦИВИЛ продолжува со медиумската продукција на иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“. Јавни личности, уметници, активисти и интелектуалци ќе говорат и ќе пишиваат за богатството на нашето општество кое го носат различностите и европските вредности, како што се почитувањето на човековите права и слободи, слободата, еднаквоста и правдата.
Во 10:00 часот министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот „Криволак“, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“
Во 10:00 часот ќе се одржи дигитален состанок на паратеници од Собранието на Република Северна Македонија и Риксдагот-Шведскиот парламент за демократска развојна соработка.
Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Сојузот на средношколци – ССРСМ на која ќе ги искажат ставовите за дигитализација на образованието, односно дигиталните учебнци.
Со почеток во 11:00 часот ќе се одржи продолжение на 39-тата седница на Собранието, по што продолжува седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во 12:00 часот хрватската амбасадорка Нивес Тигањ ќе го посети на Собранието.
Во 13:00 часот ќе се одржи прес конференција на Националниот Блок „Не отворам врата“ .
Во 14:30 пред Владата ќе се одржи прес-конференција на Туристичко-угостителска комора.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.