Во 10:00 часот мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржат онлајн конференција „Зајакнување на улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во промоцијата и заштитата на човековите права“.
Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 39. Седница во 12:00 часот, седница на собраниската Комисија за здравство во 13:00 часот и по што следи законодавно-правната комисија со 57. и 59. седница во 14:00 часот.
ЦИВИЛ продолжува со медиумската продукција на иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“. Јавни личности, уметници, активисти и интелектуалци ќе говорат и ќе пишиваат за богатството на нашето општество кое го носат различностите и европските вредности, како што се почитувањето на човековите права и слободи, слободата, еднаквоста и правдата.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во посета на Латвија.
Во 12:00 часот градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, министерката зa образование и наука, Мила Царовска, претставникот од амбасадата на Велика Британија, Ричард Малион и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска – Сачмароска ќе ја промовираат националната платформа за електронски упис на првачиња за 2021/2022 учебна година.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.