ЦИВИЛ организира панел дискусија насловена „Младите и европските вредности“ која ќе се одржи денес, 10 јуни 2021 година, во Хотел Парк&Спа (зад градски стадион), во Скопје, со почеток во 13 часот.
Продолжение на 43.седница на Собранието на Република Северна Македонија во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за економски прашања во 10:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во 11:00 часот.
Седници на собраниската Законодавно-правна комисија во 13:00 часот.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на воената свеченост на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) со која ќе го одбележи Денот на единицата во 10:00 часот.
Прес-конференција на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.