ЦИВИЛ денес организира работилница во Гостивар на тема: „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свест и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“. Свое учество најави градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, членови на општинскиот совет, а поканети се и претставници на невладините организации, политички партии, медиуми и заинтересирани граѓанки и граѓани.
Работилницата е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Рокот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ истекува на 10 јули, на полноќ, објави ЦИВИЛ. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)
Јавен промотивен настан за твининг проект финансиран од Европската Унија (ИПА програма 2018) „Подобрување на надворешната ревизија и Парламентарниот надзор“ во Europe House во10:00 часот.
Денеска ќе се одржи неформален состанок на министрите за труд и социјални работи на ЕУ Брдо/Крањ.
Министрите за локална самоуправа и за здравство, Горан Милевски и Венко Филипче ќе присуствуваат на промоција на проектот „Реконструкција и опрема на современ центар за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“, Охрид, со почеток во 11 часот.
Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ – Е4Е@мк, организира конференција на тема: „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно – ориентирано стручно образование и обука“ во хотел „Белви“ во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.