ЗОРАН ИВАНОВ
Се собраа во ВМРО-ДПМНЕ, се освежи опозицијата со добрите стари мету анти НАТО и анти ЕУ национал популисти, си се вдомија пак потстанарски, си се прибраа доизборно назад каде и што им е местото, си ја зезнаа кадровски и си ја усреќија предизборно матицата ДПМНЕ со човеците партии чии првенци да им ги собереш вкупно заедно годините не ќе поминат 490, се’ свежи, млади, полетни ентузијасти, некои дури никнати во времето минато како титови пионери и, еве, тие онака топтан со погледи во минатото ќе ни ја кроеле македонската иднина, а всушност, кажано во една реченица, арно би било сега, по ова нели историски најголемо и најкрупно изборно демек лидерско обединување, оној дечконо мерач на јавното партиско расположение да провери за колку тоа купчево „лидери” ѝ го спуштија рејтингот на мајката партија за после, таму некаде ноќта на 8-ми петти, да нe зажали што на изборите истрчала во исти дресови со дечкиве од македонската партиска геријатрија.