• Latest
Добро утро со Орданоски

За руските баби и нашите западни жаби

March 27, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За руските баби и нашите западни жаби

March 27, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]е чини дека на Западот „му пукна филмот“ со „сè поагресивното“ (Тереза Меј) меѓународно однесување на Путин. Иако јавноста не ја знае конклузивноста на британските докази за труењето со биолошко оружје во Солзбури, изгледа дека она што е презентирано „зад затворените врати“ на ЕУ и НАТО било доволно за општа осуда и вперување на прстот кон најизгледно виновниот: Путиновата Русија.

Британија има право да биде извадена од памет. Ни за време на најзатегнатите односи во Студената војна, никој не се дрзнуваше да се „расфрла“ со биолошки оружја во офанзивни цели по туѓи земји, а во Солзбури не само што таткото и ќерката Скрипал се, по сè изгледа, со многу слаби медицински изгледи да се вратат меѓу живите од труењето со извесниот воен отров „новичок“, туку и дополнително 130 други луѓе биле изложени на различен степен на биолошки ризик од дрскиот обид за атентат врз бившиот советски воен разузнавач.

И џабе што, пред десетина години, Британците докажаа дека за смртта на Литвиненко во Лондон – ни помалку, ни повеќе, туку со радиоактивно труење! – се виновни двајца агенти на некогашната КГБ, пријателчиња на рускиот претседател, кога тие не само што останаа надвор од досегот на правдата, туку и напредуваа во своите лични и политички кариери, за награда за успешно извршеното убиство. А потоа следуваше војната во Украина и руската анексија (!) на Крим, па рушењето на оној несреќен цивилен авион со руски воени ракети земја-воздух врз Украина, па хакерски напади и најбезобразно субверзивно вмешувања во разно-разни западни изборни и референдумски процеси, плус целата сириска трагедија во која, што е право, не се знае кој е виновен за што, но се знае дека последиците се страшни за сите.

Тоа чувство на мој-мој-па-преку-мој, до некаде, го објаснува сегашниот запрепастувачки дипломатски преседан: никогаш во историјата не се случило ваква симултана меѓународна реакција од страна на две дузини земји против една, во случајов, Русија. Протерани се над сто руски дипломати-разузнавачи од дваесетина земји.

Нормално, можеше Британија, ако навистина сакаше да го здоболи, „по џеб“ да го удри Путин и на сто начини да им го расипе денот на стотина руски олигарси кои во Лондон ги перат украдените стотици милијарди од мајка им Русија; но, гледате, и двете страни можеби ќе си објават и војна, ама парите и профитите меѓусебно нема да си ги чепкаат! Бидејќи, дипломатски расправии се едно, политички недоразбирања, па дури и атентати се друго, но провизии си се нешто сосема трето и – молам – да се има разбирање за тоа, да не мешаме баби и жаби!

Во таков „шаренолик“ контекст треба да се гледа и македонското „изнудено“ протерување на еден руски дипломат: Русите, уредно, пред само неколку дена, со високо подигнат прст и официјално нè известија дека нè сметаат за легитимна дестабилизирачка цел, па ние немаме што друго да правиме, освен да се придружиме на нашите западни сојузници. Од регионов, така одлучија и членките на НАТО, Хрватска, Албанија и Романија, а Бугарија, Грција и Црна Гора не. Србија и Турција не ни помислуваат да се придружат на оваа западна дипломатска акција, Босна и Херцеговина не е во можност да одбере страна, а дури и Косово, за сега, остана воздржано.

И нема тука што многу паметно да се додаде. Како и да се свртиме, газот ни е отпозади, тенкичко покриен. Полека, но сигурно, влегуваме во фазата „кого удрам не жалам“.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: атентатдипломатијановичокпровизииПутинРусијашпионажа
Share230TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ