„Човек треба да е премногу храбар за да ја каже вистината“, е одговорот на една госпоѓа од Велес, која одговори на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – што претставува слободата на изразување?
„Слободата на изразување е нешто најубаво, тоа значи слобода“. „Човек да биде слободен, да има работа“. „Слободата на изразување е човек да може слободно да се искаже без никакви предрасуди“, беа само дел од одговорите на велешан(к)и.
Имаше и незадоволни граѓани кои сметаат дека новата власт им го крати правото на слободно изразување.
„Со овие што дојдоа сега на власт (СДСМ) нема слобода на изразување, сите се пазат да не нагазат на нешто. Претходно беше доста демократски и имаше и такви што се изразуваа негативно, но не ги повикуваа на одговорност, а сега се враќа истиот комунистички систем како порано“, додава еден велешанец.
Биљана Јордановска и Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента