• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

За ВМРО-ДПМНЕ виновник за бегството на Рамадани е судијата Пајазити, од СДСМ велат организатор е МВР

August 22, 2024

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За ВМРО-ДПМНЕ виновник за бегството на Рамадани е судијата Пајазити, од СДСМ велат организатор е МВР

August 22, 2024 12:50
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Додека владејачката ВМРО – ДПМНЕ упорно го посочува на судијата Пајазит Пајазити како единствен виновник за бегството на Блерим Рамадани, од најголемата опозициска партија СДСМ тврдат дека бегството на Блерим Рамадани е организирано од структури на МВР и вработени во институциите.

Во соопштението до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран.

Од владејачката партија понатаму велат дека ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче.

Според нив, Пајазити не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден затвор, истовремено, Пајазити е судијата кој не определи притвор ниту за бандитите кои упаднаа на скопскиот аеродром.

Институциите во правосудството со молкот кој го покажуваат кон Пајазити само покажуваат зошто треба да бидат реформирани. Потребна е одговорност, сметаат од ВМРО – ДПМНЕ.

Истовремено, на прес конференција на СДСМ, пратеникот Митко Трајчулески истакна дека е време  јавноста конечно да ја дознае вистината за скандалот поврзан со бегството на Блерим Рамадани која се крие од страна на МВР по секоја цена, вистина која ја разоткрива целосната шема за тоа кој го организирал и овозможил бегството на Рамадани и како всушност е партизирана и узурпирана државната граница со Косово од страна на структури од власта.

 Денес ќе поставиме прашања, и доколку Владата и МВР не се одважат да излезат и јавно да ја соопштат вистината за целата организација на бегството на Рамадани,, СДСМ ќе го објави целиот скандал, изјави пратеникот Трајчулески и додаде дека по сите информации кои ги имаат јасно е дека Владата и МВР точно знаат што се случило и молчат.

Трајчулески постави прашање до Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, давајќи им можност сами да излезат во јавноста со фактите, а потоа да започне процес на истрага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани.

Прво, дали е точно, дека на 10.8., кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил на Косово? Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија? прашува Трајчулески и потсетува дека ги имаат деталите и секоја лага на Владата и институциите во однос на ова е кривично дело,

Понатаму, Трајчулески прашува дали е точно дека на 14.8 односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола?

Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема?

Од СДСМ го прашуваат Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР?

Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата?

На прес конференцијата Трајчулески истакна дека очекуваат одговори во следните 24 часа, доколку не ги добијат, ќе ги објават сите информации од свиркачите кои ги добиле.

М. Д,

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бегство од притворБлерим РамаданиВМРО - ДПМНЕСДСМсудија Пајазит Пајазити
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ