• Latest

Зa здробената душа и машките солзи…

November 17, 2017

(ИЗБОР) Албански медиуми: Одбраната на Велиај обвинува за неправедно приведување од СПАК; Фарса од пребројување гласови во Албанија; Косово без претседател на парламентот; Албанците во револуцијата Трамп

June 25, 2025
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ (фото извор: Инстаграм профил @buducnostsrbijeav

Вучиќ фатен со рацете во медот

June 25, 2025
Никица Корубин

Компромитирани гаранции – кога треба(ло) да се направат уставните измени?

June 25, 2025

Групна изложба: „Овој простор им припаѓа на сите“

June 25, 2025

Предлогот на Владата за законот за правична застапеност: Политичка форма без суштина

June 25, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

„Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

June 25, 2025

Стармер најави дека ќе и даде ракети на Украина платени со камата од 70 милиони фунти за руски средства

June 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на DNAIndiaNews

Иранскиот парламент гласаше за суспендирање на соработката со нуклеарниот надзорник на ОН

June 25, 2025
Скриншот од видео МИА

Судот ги прогласи за виновни Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче

June 25, 2025
Фото: Веб страна на претседателот на Украина

Зеленски до учесниците на Форумот на одбранбени индустрии: Нема никакви знаци дека Путин сака да ја запре оваа војна

June 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зa здробената душа и машките солзи…

November 17, 2017 11:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Никој не може да влезе во ‘Шутка’ и да излезе непроменет… Затворот е како еднонасочен ескалатор кон дното“, ќе напише Кежаровски, ТАМУ, зад решетки. И во право е… Оној Кежо кого јас го познавав, во изминатите речиси четири децении, и овој денешниов, за жал, не се истиот човек. Лузните се предлабоки..

Пишува: Синиша Станковиќ

Томислав Кежаровски (1965), од 1999 година работи како новинар, во „Утрински весник“,„Вечер“, „Бизнис“, во ТВ „Скај нет“, во „Нова Македонија“… Основач и главен и одговорен уредник на крим-ревијата „Сведок“ и на неделникот „Репортер 92“. Во 2013, по спектакуларно апсење и трагикомично судење, осуден е на 4,5 години затвор за објавен текст, во кој наводно открил идентитет на заштитен сведок. Речиси две години поминува зад решетки во „Шутка“ и дома во куќен притвор. Штрајкува и со глад. Апсењето, судењето, притворот и пресудата предизвикуваат жестоки реакции во еснафот, во невладиниот сектор, во слободномислечката јавност. Под притисок на домашната и меѓународната јавност, му ја намалуваат казната… Излегува на слобода. Од август 2017 година е во Германија како стипендист на Хамбуршката Фондација за политички прогонувани лица. И, тоа е тоа…

Биографија во десет реда. Некаде, помеѓу тие редови, се траумите и хоророт што го преживеа. Тие лузни, тој и Марина и Стефанија, ќе си ги носат целиот живот. За нив ги напиша илјадниците редови белешки од затворот и сеќавања за тоа што му се случувало, и само мал дел од нив, се распослани на 300 страници од книгата „Живот во кутија“

…

Кежо не сакаше да стане најпопуларниот новинар во и од Македонија, во светски рамки. Сакаше да си ја работи својата работа како и во претходните 14 години, но не му дозволија…  Во книгата „Живот во кутија“, Кежо не бара сочувство, не бара да го жалат, не бара никој да ги бие неговите битки… Бара разбирање и шанса да живее како „нормалниот свет“, дури се плаши да не ги посрамотил колегите и медиумот во кој работел и им порачува на новинарите дека „стравот од црни денови ни тропа на врата и ќе тропа сè додека нашата храброст не ја отвори“.

Во книгата тој искрено зборува за сè што успеа да преживее. За машките солзи. Најтешки. Кежо не глуми херој од холивудските затворски филмови. Не ни може… Тој е новинар, сопруг, татко, брат, колега, комшија, пријател… Обичен смртник кого врвулицата настани го меле… Добродушен човек, кој тивко, за да не ги разбуди цимерите кои ‘рчат во малата ќелија, плаче… Од немоќ. И пишува за да не споулави од мака од нанесената неправда… Во стотиците ноќни белешки, од кои е исплетена оваа книга, тој не се жали на судбината. Ги преиспитува, своите постапки и грешки, ги преживува маките на сопругата и малолетната ќерка, без него, дури и во банални случаи кога грми, оти двете се плашат од молњи и громови…

Таков како што го дал Господ, Кежо не сонува за одмазда, и пишува: „Ќе ми треба доволно милост да им простам за гревовите. Ќе ми треба дури и доволно срам за да се срамам за нивното безобразие и сила да издржам до нивното заминување… Ама, имам сè во себе. И мир и милост и сила“.

Сепак, не треба да не се заборави дека го судеа и осудија за објавен текст, а обвинителката и двајцата судии го немаа ни весникот во кој наводно било сторено „делото“, туку само копија што успеала да ја обезбеди истрагата сосе обвинителката! И дека учтиво, судиите во судница го замолија тој, како обвинет, ако сака и ако го чува дома примерокот на одамна згаснатиот весник, да им го даде „на заем“. За да видат зошто го судат?! Иако, и тие, а и сите во судницата знаеја дека пресудата е одамна донесена.

…

Книгата на Кежо не е роман, не е ни дневник, ни класична затворска проза, ни фикција…, туку е своевиден книжевен „пачворк“ од сеќавања за неправдата, навредите и обидите да се понижи и срчоса највредното што луѓето како Кежо го поседуваат – честа. Книгата се сите оние сеќавања од десетиците сочувани белешки од пробдеаните ноќи, запишани и на кутии од цигари, на парчиња картон, на салветки, на тоалетна хартија, на опаковки, со единствена желба да се сочува разумот и да се обели образот…, сеќавања на скришум водените телефонски разговори со сопругата, на грижливо криените мобилни телефони во ќелијата, цитати од полициско-судски документи, и едно  прошверцувано писмо од ќерката кое му „ја дроби душата на парчиња“…

…

Кога железните решетки треснаа зад грбот на Кежо, дел од новинарите реагираа како во црнохуморната приказна за сибирските гулази. На прашањето што е – среќа, логорашите одговориле дека тоа оној момент кога на повик на стражарот, логорашот Иван Иванович, на -40 С, да излезе од бараката надвор на работа, ќе осознаат дека тие не се Иван Иванович и остануват да мрзнат под скинатото ќебе, ама внатре, во бараката… Нели, може и полошо, ќути, трај…

Друг дел од новинарите, за среќа, ревносно пишуваа за неговиот случај, кој колку можеше, поради окупираните медиуми, блиндирани за вистината. Новинарските организации и невладиниот сектор бараа и обезбедуваа поддршка од меѓународниот фактор, организираа протести пред судот и пред затворот… А главниот лик од нашите транспаренти и хорски извикувани пароли, стекнуваше нови пријателства зад решетки. Зашто, и во затворската популација, и меѓу невино или заслужено осудените, сепак, се цени исправениот рбет, и храбриот избор: да се биде човек, а не кодош и подопашник.

Но, со сета благодарност на германската фондација, останува горкиот вкус: нели, на визит картите на Кежо, наместо стипендијант на „Hamburger Stiftung für politisch Verfolgte“, сепак, подобро ќе звучеше, онака поедноставно, на кирилица, на макеоднски – новинар на некој македонски медиум. Било кој…

Затоа, во една колумна, во август кога тој со автобус си замина за Германија, напишав: „’Сите сме Кежо!’. Не сме, не сме де, да не се лажеме!.., Ајде, да речеме и дека бевме сите Кежо... Сега, Кежо си е Кежо. Таму... Сам“.

Вашето присуство тука вечерва, оваа полна сала, сепак, ме демантира. Како и  луѓето кои сè уште го запираат на улица, го прегрнуваат или сакаат само да се ракуваат со него, иако не го познаваат.

Затоа, останува надежта дека кога ова општество конечно ќе почне редовно да застанува зад сите Кежовци, постапките како неговата, ќе станат урнек, модел за однесување – пред насилството и безаконието. Можеби тогаш, Македонија ќе се стори олрајт.

И секако, кога конечно, за вистинските криминалци, ќе се оствари слоганот од Шарената: „Че си лежите!“

[divide]

Колумната е напишана според обраќањето на авторот, како промотор на промоцијата на книгата „Живот во кутија“ на новинарот Томислав Кежаровски, во Скопје на 16 ноември.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Живот во кутија“блиндирани медиумиКежаровскиодмаздапресудапромоцијашарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ