• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Забраната на TikTok во Албанија предизвика дебата за слободата на говорот

January 3, 2025

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Забраната на TikTok во Албанија предизвика дебата за слободата на говорот

January 3, 2025 12:24
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама ја објави забраната за ТикТок  на 21 декември, откако 14-годишно момче беше избодено до смрт во ноември од соученик, злосторство за кое локалните медиуми објавија дека се случило откако момчињата се судриле на интернет. Се очекува TikTok да биде симнат во наредните недели.

Потегот следи по забраните или делумните забрани во најмалку 20 земји поради грижи за несоодветни видеа или безбедносни грижи поврзани со сопственикот на апликацијата, кинеската ByteDance, и неговата близина со кинеската влада, се наведува во статијата на Ројтерс, посветена на забраната на мрежата ТикТок во Албанија.

Во Албанија, Рама посочи дека одлуката е донесена по разговорите со родителите и наставниците, но политичките противници се загрижени дека тоа е дел од репресијата на премиерот против политичкото несогласување, по една година народни немири.

„Ова создава опасен преседан, дека во секој момент владите можат да затворат различни платформи“, рече Оркидеа Џаферај, од тинк-тенк SCiDEV со седиште во Тирана.

Од TikTok  побараа „итно појаснување“ од албанската влада бидејќи, според нив, повеќе извештаи всушност потврдиле дека видеата што доведоа до овој инцидент се објавуваат на друга платформа, а не на TikTok.

Во Албанија имаше редовни насилни протести минатата година против апсењата на политичките противници. Демонстрантите фрлаа бензински бомби врз владините згради, а полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Лидерите на двете најголеми опозициски партии, Сали Бериша од Демократската партија и Илир Мета од Партијата на слободата, се обвинети за корупциски дела. Тие ги негираат обвиненијата, за кои велат дека се политички мотивирани.

Арлинд Ќори, лидерот на политичката партија Башке (Заедно) формирана во 2022 година, рече дека забраната на TikTok ја скратува моќната алатка за комуникација на опозицијата.

„Тој сака да ни ја затвори устата“, рече Ќори од неговата канцеларија каде што приврзаниците на партијата се засолниле од студот и разговарале за нивните предизборни планови, се вели во статијата на Ројтерс.

Рама инсистира дека овој потег има за цел да ги заштити младите луѓе. Во една уличка во центарот на Тирана, фотографија од убиениот ученик виси на електричен столб опкружен со веќе исушени цвеќиња и пораки од пријателите.

„Во кинескиот ТикТок не гледате хулиганство, перверзност, насилство, малтретирање, криминал“, рече Рама кога ја објави својата одлука минатиот месец.

„Додека во TikTok надвор од Кина само ѓубриња и никаквеци. Зошто ни треба ова?, рече Рама.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ