Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, на панел дискусијата „Слободни избори наспроти црната пропаганда“во организација на ЦИВИЛ, изјави дека капацитетот на општеството е поголемо од она на државата.
„Она што можат граѓаните, организациите и медиумите да го направат за подобрување на состојбата е да пристапат кон владата со конкретни иницијативи, да ги следат енер можностите кои ги дава владата, да се создадат платформи за соочување на различни политички партии“, вели Забрчанец.
„Граѓаните можат да ја видат разликата меѓу вистината и пропагандата, политичките партии имаат голема улога, тие се на широк мегдан на јавноста, ние веќе немаме национални медиуми кои отворено навиваат за една полиција, опција, можеби една, мислам дека тоа е неутрализирано многу повеќе од порано, победникот на овие избори ќе се одлучува на социјалните мрежи“, додава Забрчанец.
Забрчанец вели дека останува на моќта и волјата на политичките партии дали ќе одберат социјалните мрежи да ги користат за промоција на своите програми или некои подземни структури тие групации ќе ги користат за оцрнување на противникот и ширење на црна пропаганда.
„Јавноста ќе има можност да препознае која политичка партија што користи“, додава Забрчанец.