• Latest

Забрчанец: Промена на наративот, повеќе „за“, помалку „против“, преку транспарентност и одговорност

June 16, 2021
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Забрчанец: Промена на наративот, повеќе „за“, помалку „против“, преку транспарентност и одговорност

June 16, 2021 13:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ме инспирираше да презентирам идеи кои се можеби за нијанса поразлични од оној вообичаен наратив и она што вообичаено сме навикнати да слушаме за хибридни закани, дезинформации, за лажни вести. Конечно гледам проактивност некоја, гледам едно големо „за“ наспроти едно помало „против“, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

„Мислам дека сите ние кои што се занимаваме професионално или како општествена одговорност со информации, со јавно комуницирање, со односи со јавност, со влијание врз јавноста, премногу, предолг период сме заглавени во справување со негативни појави, негативни влијанија како што се дезинформациите и дека заборавивме помалку кои се работите кои што треба да ги промовираме. Конечно видов во насловот зборуваме за автопат на одговорност, на отчетност, на одговорно комуницирање или пласирање на факти и информации, наспроти, јас би рекол, оние мрачни тунели на кои што се создаваат и се шират лажните вести кои што имаат за намера да предизвикаат опасност, штета врз јавноста и притоа стануваат дезинформации. Во оваа насока ме охрабрува и начинот на кој што НАТО во последните свои јавни стратешки документи ја дефинира својата улога во дезинформациите, па така НАТО во своите последни јавни определби по однос на стратешките комуникации вели: ние не сме препознаени или не сакаме да бидеме препознаени по она против што се бориме, туку по она за што се залагаме или по она што го промовираме и токму тоа е мојата теза денеска, дека општествените чинители кои што презеле одговорност и си ја зацртале својата улога дека ќе промовираат прогрес, факти, информации, напредок, соживот, дијалог, разбирање, мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“, отколку борбата „против“. Некогаш можеби тоа е едно исто, меѓутоа секогаш кога зборуваме за против и зборуваме за справување, одбрана и борба, во суштина тоа е начин на дејствување кој што многу повеќе ја заплашува широка јавност, отколку што ја охрабрува широка јавност на едно проактивно и прогресивно дејствување.

Сите ние, тука не се иземам себеси или Владата од таа одговорност на пакување на наративот, предолго зборуваме за борба против дезинформации, за справување со лажни вести, за одбрана од хибридни напади. Некако подзаборавивме на она што е нашата демократска агенда, она што претходно сме се бореле заедно и по улиците, секако повторно за истите вредности, од различни можеби позиции, меѓутоа мислам сите ние кои што застапуваме демократски вредности треба да обрнеме повеќе внимание на она „за“, за да охрабруваме, за да мотивираме, за да иницираме, за да ги охрабриме граѓаните да се приклучат на автопатот на одговорно комуницирање со јавноста, наспроти бавењето со оние помрачните подземни тунели кои шират дезинформации за да предизвикаат штета во општеството. Ова никако не смее да биде сфатено како обид за претставување на штетата на дезинформациите во помало светло или на пониско ниво, се разбира дека дезинформациите се огромна опасност, меѓутоа тие се тие кои што треба повеќе да се бават со нас кои што имаме јасна, отворена, транспарентна, прогресивна агенда, тие кои што создаваат дезинформации ги создаваат за да штетат на прогресивните агенди. Затоа велам да балансираме повеќе и повеќе да зборуваме за нашите прогресивни агенди и оттука на оваа дебата застапувам промена на играта во јавниот наратив и ќе се трудам ова да го зборувам што е можно почесто за да ги охрабрам сите чинители повеќе да зборуваат за промоција на нашите дејности и да дејствуваат во квантитет во промоција на нашите демократски вредности, отколку за уважување на моќта на дезинформациите. Ние сме на автопатот, тие (дезинформаторите) се во мрачните тунели.

Која е позицијата на Владата кога станува збор за промоција на отворена и транспарентна комуникација со јавноста или промоција на фактите и информациите, виз-а-ви справувањето со дезинформациите. Четири основни постулати, прво, работење на зголемување на довербата помеѓу институциите и граѓаните, преку демонстрација и на одговорност и на храброст, одлучност, лидерство и во политичките дејствувања и во јавните комуникации. Второ, обезбедување на отвореност во комуникациите и интеракција, брзина во интеракцијата. Во живо комуницирање со медиумите, брзо одговарање на оние кои што прашуваат и бараат информација, помагање на оние кои што се бават со факт чекинг, не преку партнерство и соработка со нив, туку преку брза комуникација и брзо одговарање на нивните потреби и прашања. Обезбедување на вклученост и учество на сите заинтересирани граѓани и НВО заедници во креирањето на политиките, односно постојана подготвеност на Владата да слуша, да прифаќа, да разбира што е тоа што граѓаните и заедниците го кажуваат.

Точно е дека нема секогаш да се согласиме, но мора некогаш да се ислушаме за да можеме да процениме дали ќе се согласиме или не. Не можеме да знаме дали се согласуваме ако претходно не се ислушаме. И број четири, кревање на јавната свест, односно вложување на многу напори во заедничко спојување на силите на сите чинители во општеството со цел влијание врз свеста“, нагласи Забрчанец.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ