ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија и презентација под наслов „Зад димната завеса“. На настанот учествуваше дел од тимот на ЦИВИЛ за мониторинг и анализи на дезинформациите и пропагандата во нашата земја и пошироко, во контекст на војната во Украина и други критични теми. Тие дискутираа и ги презентираа своите наоди за трендовите, темите, креаторите и дистрибутерите на дезинформациите и пропагандата.
„Зад димната завеса“ е проект за медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата што го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.
Добредојдовте зад димната завеса. Цивил ги растерува облаците од дезинформации и пропаганда и ви ги претставува фактите на реалноста, таква каква што е, колку што е можно во овие тешки конфликтни времиња во кои вистината е првата жртва на боиштата на политички и воен план, беа воведните зборови на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој го водеше настанот.
Дехран Муратов од ЦИВИЛ во своето излагање се осврна на дезинформации и релативизирање на масакрот на цивили во Буча од руските агресори.
„Македонските поддржувачи на Путин и оправдувачите на руската агресија, војната и масакрот на цивили, меѓу кои жени и деца во Украина, продолжуваат со засилено темпо да шират руска пропаганда и дезинформации и покрај најавите на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи дека интензивно ќе ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.“, вели Муратов меѓу другото.
Дијана Тахири од ЦИВИЛ изнесе неколку факти за руската пропаганда во однос на нивната агресија врз Украина, и се осврна на медиумската цензура од страна на Роскомнадзор врз медиумите во Русија, како и законот кој рускиот претседател Путин го потпиша, а се однесува на високи казни од 10 до 15 години за објавување „дезинформации“ за тоа што Русија го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Драган Мишев од ЦИВИЛ се осврна на разработената тактика што Москва ја користи со години, со дезинформации да ја искривува вистината, што поддржувачите на Путин низ светот, вклучително и во Северна Македонија ја прифатија и понатаму ја шират по медиумите.
Меѓу првите „докази“ што ги лиферуваа проруските медиуми, е „обработеното“ видео од украински аматерски снимки кои првично беа објавени на социјалните мрежи и од украинските официјални лица, на кое се прикажува како во ретровизорот од автомобил во двишење се гледа како безживотно тело одеднаш ја движи раката.
Биљана Јордановска од ЦИВИЛ илустративно покажа повеќе примери како на социјалните мрежи се шират дезинформации, лажни вести и говор на омраза, како и примери на руска пропаганда во контекст на војната во Украина.
Јордановска потсети дека дел од профилите што се инволвирани во ширење на руската пропагада или релативизирање на војната во Украина и оправдување на руските дејствија на терен, се истите што ЦИВИЛ ги детектираше уште во 2019/2020 кога во контекст на мониторингот на изборните процеси направи листа на профили и страници од социјалните мреи што беа влезени во „црна кампања“ со ширење на говор на омраза, дезинформации и лажни вести.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Трамп: Тоа што се случува во Украина, тоа е геноцид
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги нарече геноцид постапките на руските окупатори во Украина, пренесува НВ.уа.
„Она што се случува во Украина е геноцид“, изјави тој за Фокс њуз. Според Трамп, „луѓето никогаш порано не виделе што се случува во Украина“.
Изјавата на Трамп доаѓа по таа на актуелниот претседател Џо Бајден, кој на 13 април рече дека дејствијата на Путин во Украина се геноцид.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЖАР Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје. Од Противпожарната единица на Град Скопје потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, информираат од МВР.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
Штрајкот во образованието продолжува и во наредните денови, а продолжуваат и преговорите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) со Министерството за образование и наука (МОН).
КОВИД МЕРКИ Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести.
ИЗВЕШТАЈ Американскиот Стејт Департмент во Извештајот за човековите права за 2022 година во делот за Бугарија, наведува дека тамошните власти продолжуваат да го кршат правото на слобода на здружување на групите на етничките Македонци во таа држава.
ЦИВИЛ
Да за повисоки плати, но не врз грбот на децата!
ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи во чија работа веќе 23 години се вградени заложбите за социјална правда и недискриминација, ја изразува поддршката за барањата за повисоки плати на работничките и работниците во сите сектори.
Оттаму, ЦИВИЛ принципиелно се залага за повисоки плати за вработените и во образованието. Но не врз грбот на децата, односно ученичките и учениците во основните и средните училишта! Тие имаат фундаментално право на образование.
ЦИВИЛ упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата и градинките на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Атанасовски: Лажните вести станаа ѕвезда водилка во политичкиот дискурс
Граѓаните од Северна Македонија и Турција се најподложни на лажни вести, според релевантни истражувања, Македонците се фаќаат како за јадица на тие лажни вести и сè уште не постои инструмент определен од човештото кој ќе може да ги детектира сигурно кои се тие лажни вести, вели политикологот Благојче Атанасовски за ЦИВИЛ Медиа.
Д. Тахири