ЦИВИЛ – Центар за слобода и Министерството за внатрешни работи денеска потпишаа Меморандум за соработка и партнерство.
Меморандумот е долго подготвувана иницијатива за граѓанско учество и соработка со МВР во областите на борбата против радикализмот, насилниот екстремизам и различни аспекти на контролата на оружјето.
Ваквото партнерство и соработка на МВР ќе придонесе за поголемо присуство на граѓанските организации на терен преку едукација и експертиза во процесот на зголемување на довербата меѓу институциите и граѓанките и граѓаните, како и во заедничката борба против екстремизмот и тероризмот.
Дел од оваа соработка меѓу ЦИВИЛ и МВР опфаќа прашања што се однесуваат на изборниот мониторинг и на спречување на изборните нерегуларности и заштита на човековите права и слободи во контакт со полицијата.