• Latest
Протести, блокади и инциденти во северниот дел од Косово (скриншот од видео снимка од протести, објавена на 12 декември 2022)

„Заедницата“ на Србите во Косово, помеѓу наковалната и чеканот

March 20, 2023
UK mosque set ablaze
source: Screenshot Forbes

Запалена џамија во Велика Британија со две лица внатре, полицијата истражува сомнително злосторство од омраза

October 6, 2025

Заев го демантира Мицкоски: Со лаги за бугарски куфери со пари бега од своите неуспеси

October 6, 2025

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Заедницата“ на Србите во Косово, помеѓу наковалната и чеканот

March 20, 2023 16:06
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Протести, блокади и инциденти во северниот дел од Косово (скриншот од видео снимка од протести, објавена на 12 декември 2022)

Протести, блокади и инциденти во северниот дел од Косово (скриншот од видео снимка од протести, објавена на 12 декември 2022)

Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Средбата помеѓу високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, премиерот на Република Косово, Албин Курти и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што се одржа во Охрид  на 18 април, беше најавувана како клучен настан на кој двете страни ќе се согласат околу спорните прашања во Европскиот договор што им се даде во февруари годинава, но и дека на средбата најверојатно нема да се потпише ништо конкретно, туку ќе се разговара за имплементацијата на договорот од двете засегнати страни, под надзор на меѓународната заедница.

По поединечните изјави на главните актери на средбата, Вучиќ ( прв даде изјава), Курти и Борел, впечатоците на бројните заинтересирани за исходот од долгиот ден ( разговорите траеја повеќе од 11 часа), беа до некаде во позитивен правец, односно, дека средбата сепак била успешна, со оглед на тоа дека некој од таму кажа дека разговорите се одвивале во пристоен и позитивен тон. По завршетокот на средбата, портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано на својот профил на Твитер објави дека средбата завршила и дека со подетални информации на јавноста ќе и се обрати Жозеп Борел.

Она што како да остана незабележано од медиумите, е дека наместо Борел, прв со изјава за медиумите  излезе српскиот претседател Вучиќ. Па потоа следеа Борел, и  Курти.

Вучиќ во изјавата за медиумите, меѓу другото рече дека „од големо значење е формирањето на ЗСО да биде приоритетна обврска согласно претходните договори во рамките на дијалогот“.

Вучиќ дава изјава пред медиумите по средбата во Охрид на 18 март

„Косово и Србија се договорија за Анексот за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите, објави Борел  на Твитер  по завршетокот на средбата, и дека двете страни целосно се обврзаа да ги почитуваат сите членови од договорот и да ги спроведат своите соодветни обврски целисходно и со добра волја.

Жозеп Борел, изјава за медиуми, Охрид, 18 март 2023 година„Основниот договор е де факто признавање меѓу Косово и Србија. Има многу работи таму, но денес можеме да кажеме дека го имаме и анексот и придружната имплементација“, изјави меѓу другото Курти.

Курти, изјава за медиуми Охрид, 18 март 2023 година

На официјалната страница на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS) е објавена содржината со одредбите  од Анексот а кој Косово и Србија прифатија дека секое неисполнување на нивните обврски од Договорот, овој Анекс или минатите договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните соодветни процеси за пристапување во ЕУ и финансиската помош што ја добиваат од ЕУ.

Косово: Курти  сардисан од сите страни, од предавник до извршител на „западните сили“

Голем дел од косовската јавност ( медиуми, аналитичари, политичари) излегоа со свои ставови за настапувањето на премиерот Курти во однос на прифаќањето формирање „Заедница“ на општини со српско мнозинство во Косово, со остри критики дека тој „не работи“ за косовскиот народ и држава, некои велат дека е послушник на западните сили ( САД), а други ( опозицијата), дека води антизападна политика.

Претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Дардан Молиќај изјави дека договорот меѓу Курти и Вучиќ во Охрид е штетен за Косово. Тој најави протести на 25 март, и рече дека ќе бараат оставка од Курти.

Косовските медиуми  денеска го опишаа Курти како многу релаксиран по охридската средба, односно, ги извршува дневните активности ( посета на училиште и средба со ЕУ амбасадори), но не дал изјава пред косовските новинари.

Поранешниот заменик лидер на првата партија во Косово, Демократско Движење на Косово ( ЛДК) и универзитетски професор, Милазим Красниќи, во својата колумна „Косово и Охрид меѓу Сирија, Украина и Северна Македонија“ пишува дека денешните политичари не му покажуваат на народот дека се немоќни пред големите сили, кои практично го третираат Косово како протекторат, како недржавен агент и како валута за измами. Тие се обидуваат да ја сокријат беспомошноста, неспособноста и неуспехот со ширење лаги, и дека Албин Курти е шампион во оваа работа.

Критики за Курти не изостанаа ниту од членови од неговата партија „Ветевендосје“.

Арбер Заими, член на претседателството на партијата, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша: Пред 22 години во Охрид беше потпишан „Охридскиот договор“ со кој заврши војната во Македонија. Еве каде сме денес, во Охрид Србите бараат од Косово територијално решение на етничките проблеми. Истите тие љубители на меѓународната заедница- „либерали“, кои тогаш велеа дека треба да се прифати принципот „нема територијално решение за етничките проблеми“, сега велат дека „Заедница треба да се прифати“.

Очигледно во Ветеведносје владее демократија, односно се почитува слободата на изразување, и кога станува збор за ставови различни од практиките на лидерот на партијата. ( Не се знае дали Курти прочитал, нема реакција).

Поранешниот пратеник на Движењето Ветевендосје, Фатон Топали, изјави дека премиерот Албин Курти ја искористил „Заедницата“ за да дојде на власт и ги искористил сите за свои лични цели.

Од друга страна, како освестувачка шлаканица на сите искрено засегнати, како и за дневните коментатори на секоја буква во однос на долгогодишните  политики и не-политики во однос на српско-косовските односи и обиди за решенија, косовскиот политички аналитичар и колумнист во колумна во пресрет на средбата во Охрид, им приреди вистински училиштен час  за тоа како и зошто треба или не треба да се разбере и однесува во однос на овој Договор.

„Минатото било вака: се потпишувале „историски договори“, а потоа се објавувале антиисториски договори. За две или три години! Иднината може да биде поинаква само ако владата и опозицијата во Косово сфатат дека договорот со Србија е постигнат со заедничка посветеност за ограничување на штетите предизвикани во 2013 и 2015 година. Германско-францускиот предлог не е идеален, но не и арогантно да се отфрли.  Можеби оваа власт го потпишала со една рака, а опозицијата, да беше на власт, со двете раце ќе потпишеше. И добро е двете страни да разберат дека поради војната во Украина и западниот свет почна да ја притиска Србија да го прифати Косово како сосед врз основа на „суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија и територијален интегритет“, пишува меѓу другото Робели .

Србија: Вучиќ менува реторика според публиката, Јеремиќ се спрема за референдум против Договорот

Српскиот претседател Александар Вучиќ, за разлика од изјавата во Охрид веднаш по завршетокот на средбата, ден потоа во Србија изјави дека не го потпишал договорот за нормализација со Косово бидејќи Србија е меѓународно призната земја и дека не сака да склучува „меѓународни правни договори со Косово, кое не е меѓународно правно признаено“.

Поранешниот судија на Уставниот суд на Србија, Зоран Ивошевиќ изјави дека според Виенската конвенција за договорно право, сите договори важат без разлика дали се потпишани или усно прифатени.

Ивошевиќ за агенцијата Бета изјави дека изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека не потпишал ништо во Брисел и Охрид укажува дека направил нешто што не требало да го направи.

„Во членот 3 од Виенската конвенција за договорно право се наведува дека во случај на меѓународни договори кои не се склучени во писмена форма, тоа не влијае на правната вредност на овие договори. Тоа значи дека усните договори се валидни и обврзувачки“, рече Ивошевиќ, коментирајќи ја изјавата на претседателот Вучиќ дека го прифатил Договорот за нормализирање на односите со Косово и Анексот за имплементација во Брисел и Охрид, но дека не ги потпишал тие документи.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија на средбата во Охрид успеала да ги заштити своите национални интереси со мудрата политика на претседателот Александар Вучиќ, и додаде дека Србија мора да води дијалог и да ги нормализира односите со Приштина држејќи се до нејзините црвени линии.

Претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ, денеска изјави дека распишувањето референдум за француско-германскиот план за Косово и Метохија е единствениот начин да се спречи „скок во бездна и национална катастрофа“ што води до распарчување на Србија ,а потоа и до создавање на Голема Албанија и нови конфликти на Балканот. Тој вели дека со вербалното прифаќање на планот „Шолц-Макрон“, направена  е голема штета на националните интереси и Србија беше доведена до работ на бездната во контекст на територијалниот интегритет, бидејќи тешко ќе се отвори текстот што еднаш беше договорен.

„Ова е голема шанса за Србија и регионот која не смееме да ја пропуштиме. Потпишувањето на договорот за нормализација може да доведе до релаксација на односите меѓу Србија и Косово, подобра поврзаност и економска соработка, без кои нема европска интеграција. Во техничка смисла, напредокот во имплементацијата на овој договор ќе биде директно поврзан со барањата во преговарачкиот процес, така што секако ќе влијае на брзината на движењето на Србија кон Европската унија“, вели Драгиша Мијачиќ, координатор за Поглавје 35 од Националната конвенција за ЕУ.

Балкански модел за регионална стабилност со неразумни барања и желби, со многу непознати и долга завршница – што потоа?

Идејата за формирање Заедница на општини со српско мнозинство во Косово е стара една деценија, и со сегашните обиди за ставање крај на оваа, во најмала рака опасна играчка во рацете на сегашната власт во Србија, поттикна различни интерпретации, но и желби, осуди, прифаќање, закани, но и желба за поскора разрешница, се во име на регионалната стабилност која децении по ред се бара од балканските земји.

Тоа што една балканска земја (Србија) во блиското минато беше главниот фактор за дестабилизација, и вршеше геноцид и терор врз цели населенија, сега би требало да стане фактор и доставувач на таа стабилност, со инсистирање на меѓународната заедница да и се исполнат далечни желби за политичко присуство преку територијална застапеност во држава која веќе одамна не е дел од неа. За прифаќање на формирање на Заедницата највиновна е поранешната власт, која се обврзала пред меѓународната заедница дека таа ќе се формира, а сега е најгласна против истото, кога дојде време тој договор навистина да се испочитува. Со барањето за формирање Заедница на Срби во Косово, Србија практично ја признава државноста на Косово, без притоа да го направи тоа де факто. Со прифаќањето  на формирањето на Заедницата, под разумни услови ( секако под силен притисок и условувања од меѓународната), косовскиот политички врв, односно премиерот, веројатно ќе плати политичка цена на следните избори, ако не и поскоро.

Сите земји на Балканот се населени со луѓе од различни етнички припадности, во сите земји, истите. Што ќе биде, доколку секоја земја на Балканот, бара од другите земји во кои живеат припадници на народите на тие земји, да направат заедница како што бара Србија? Со, или без меѓународно посредство? Ќе се вратиме во Југославија со републики и покраини, или ќе гетоизираме (делумно) припадници на различни народи, или ќе исполнуваме историски желби? Или… Во име на регионалната стабилност, да се поделиме по населби, или по улици?

Како и да е, процесот на решавање на проблемите помеѓу Србија и Косово е започнат, и влезен во фаза на имплементација, а завршницата ќе биде болна за двете страни. Србите во Косово, со, или без формирање на Заедницата, ќе останат помеѓу наковалната и чеканот на желбите.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВучиќЗаедницаКосовоКуртиСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ