Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари видео средба со амбасадорката на Британија во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.
На средбата беше дискутирано за глобалната закана од пандемијата со коронавирусот, последиците од неа врз економијата, како и демократските процеси во Република Северна Македонија и претстојните парламентарни избори.
Заев истакна дека сите капацитети на државата, се ставени во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на вирусот, како највисок приоритет.
Заев посочи дека СДСМ и преку Владата и преку институциите во кои е дел е посветена на градење на силна демократија, со силни и капацитетни институции, и оттаму во ситуација кога државата е без Собрание и со преодна Влада, дополнително се наметнува потребата од одржување избори штом пандемијата спласна.
Aмбасадорката Галовеј беше поздравен високиот степен на транспарентност и отвореност на институциите за време на пандемијата, како и нивната посветеност во борба со здравствените закани од коронавирусот.