Македонската радио телевизија вечерва во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Работниот наслов на ТВ дуелот е „една година власт, една година опозиција“. Овој дуел го побара лидерот на опозициската партија, минатата недела, а понудата беше прифатена од премиерот.
Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот, а според него, соговорниците ќе ги спротивстават своите погледи и ставови за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…
А.Петровска