• Latest

Заев и Ципрас се миротворци, потребна им е поддршка

June 17, 2018

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Ципрас се миротворци, потребна им е поддршка

June 17, 2018 07:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас поентираат и двете нации. Македонија излегува од изолација и добива можност да стане членка на ЕУ и НАТО. Грција добива конечно решение на територијалните прашања и се ослободува од една главоболка, пишува угледниот американски дневен весник „Вашингтон пост“ во уредничката колумна, како што пренесува МИА.

Весникот оценува дека иако промената на името е незначително, а договорот прави значаен пробив во дипломатскиот ќорсокак кој беше закана за НАТО и ЕУ аспирациите на Македонија.

„Вашингтон пост“ ги нарекува Заев и Ципрас „миротворци“ и порачува дека во контекст на обременетите националистички страсти и долгата историја на разликите „новото име оди на сметка на двајцата лидери кои водеа истрајни преговори наспроти опозицијата дома и бремето на историјата“. Во периодот што претстои потребна е подршка за миротворците од Македонија и Грција од страна на креаторите на меѓународната политика, бидејќи договорот зависи од неговата ратификација во грчкиот парламент и негово одобрување на референдум во Македонија, се акцентира во колумната.

– Доколку овој долго очекуван компромис стане жртва на национализмот и политичкиот комформизам, ќе настапи тажен ден за дипломатијата, и изгубена шанса за што двете земји многу бргу ќе зажалат, оценува „Вашингтон пост“.

Влијателниото периодично издание „Форин полиси“, пак, во анализа на професорот Едвард Џозеф ја повика меѓународната заедница да поддржи номинација на Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир бидејќи „договорот што тие го постигнаа би можел да стане модел за решавање на идентитетските судири кои беснеат не само на Балканот туку насекаде низ светот“.

– Договорот е прст во око на Русија и нејзините популистички ортаци во Европа. Со него во вистинско време се внесува висока доза на доверба во ЕУ и во евроатлатнтската перспектива на целиот Балкан, пишува Џозеф и додава дека договорот е соочен со жестока опозиција од националистите во двете земји.

– И во Грција и во Македонија Ципрас и Заев се напаѓани од нивните опозиции како предавници. За да се спречи колапс на договорот од најголема важност е двајцата лидери не само да добијат поддршка од нивните колеги туку и меѓународна акламација, наведува Едвард Џозеф.

Tags: Вашингтон постЗаевЦипрас
Share103TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ