• Latest

Заев: Избравме демократија, еднаквост и владеење на правото на патот кон ЕУ

July 5, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Избравме демократија, еднаквост и владеење на правото на патот кон ЕУ

July 5, 2018 15:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ во организација на ЦИВИЛ и МЦМС отвори нов вид на политички дијалог на приоритетни прашања за иднината на државата што зависат и од нејзиниот влез во ЕУ и НАТО.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање ги истакна најбитните придобивки од влезот во ЕУ и го пренесе знаењето и можностите на Владата за остварување на полноправно членство во Европската унија.

„Дозволете ми ова мое обраќање го да го изградам врз основа на серија одговори на прашањето во темата на оваа конференција „Македонски перспективи: Како до Европа?“.

Сепак, пред да одговорам на ова прашање, откако нашите пријатели во Брисел ни доделија датум кога ќе отпочнеме да ги изодуваме, поглавје по поглавје, последните чекори до нашето полноправно членство во Европската Унија, да ве повикам да се потсетиме зошто избравме наша стратешка цел да биде членството во ЕУ.

Во наредниот период секогаш, повторно и повторно, да се потсетуваме:

Избравме да промовираме мир, сигурност и стабилност за нашите граѓани, како што избраа сите Европјани на Унијата.

Избравме слобода и правда за сите наши граѓани, без исклучок. Тоа е – европска вредност.

Како и сите Европјани, и граѓаните на Република Македонија, избраа одржлив развој и економски раст, во една заедничка, пазарна економија на Европската Унија, која обезбедува работни места, социјален прогрес и здрава, и заштитена животна средина.

Избравме наша стратешка цел да биде борбата против дискриминацијата и социјалната инклузија на сите граѓани. Никој да не биде запоставен.

Избравме заедно со нашите пријатели и партнери, земјите членки на Унијата, да бидеме дел од технолошки напредна заедница во која сите членови на Европската Унија се обединети врз принципот на еднаквост и солидарност. Унија на максимална почит и на афирмација на културните и лингвистичките различности, како заедничко европско културно наследство.

Во наредниот период секогаш, повторно и повторно, да се потсетуваме:

Избравме да почитуваме вредности и да бидеме интегрален, дел од европскиот вредносен систем:

Достоинството на секој човек е ултимативно и непорекливо. Европски е да го почитуваме, да го заштитуваме и да биде во суштината, во темелите, на сите човекови права.

Избравме да бидеме граѓани на Европската Унија без национални граници, и слободно да го избереме местото каде ќе живееме, каде ќе работиме.

Избравме заедница која максимално ги штити и почитува приватноста, и индивидуалните слободи за избор на верска припадност, на слобода на изразување, гарантирани со Европската повелба за заштита на основните човекови права.

Избравме демократија, еднаквост, владеење на правото.

Почитувани,

Избравме вредности што цели 11 години не беа дел од нашето општество и заради тоа не оддалечија од нашата стратешка цел – Европската Унија.

Но, затоа денеска, кога треба да одговориме на прашањето „Македонски перспективи: Како до Европа?“, можеме да кажеме: Знаеме како!

За една година на Европската Комисија, на лидерите на ЕУ и на земјите членки, им дадовме доволно аргументи. Затоа минатиот петок Претседателот на Европскиот Совет, почитуваниот Доналд Туск не пречека и ни рече:

„Добредојдовте во Брисел. Ова беше добра недела за Република Македонија и за Западен Балкан. Советот на министри донесе одлука да биде поставен патот за отворање на преговорите со Европската Унија за јуни 2019 година, за Република Македониј и за Република Албанија“.

Истиот ден, Европскиот Совет, и сите лидери на земјите членки, без ниту една забелешка ја прифатија оваа одлука.

Првиот од серијата одговори на прашањето „Како до Европа?“ е во аргументите за надмината политичка криза и за значаен прогрес во имплементацијата на итните реформски приоритети. Европскиот Совет го констатираше тоа!

Дополнително Советот констатираше дека новата влада, од мај 2017 година, во тежок политички контекст, го подобрила политичкиот дијалог, ја зајакнала демократијата и владеењето на правото, покажала искрена желба за инклузивни и транспарентни реформи и ги подобрила односите со соседите.

Пакетот одговори на прашањето „Како до Европа?“, не може да не го содржи исполнувањето на основното европско право на секој граѓанин за слободни и демократски избори. Европскиот Совет запиша: Подобрени се условите за одржување на избори. Одржани се кредибилни парламентарни и локални избори. Вратена е довербата на граѓаните.

Европската Унија ќе останеше сè уште далечна дестинација ако нашите партнери и пријатели не препознаа напредок во независноста на судството, работата на судовите и на СЈО.

Европскиот Совет вели: Има подобрувања во судството. Мора да има правна одговорност за злоупотребите кои произлегуваат од прислушуваните материјали од 2015. Мора да има одговорност за нападот врз Парламентот од 27 април 2017.

Во овој дел, оставена ни е сериозна домашна задача: Храбро и одлучно да продолжиме со имплементација на стратегијата за судски реформи. Европскиот Совет сака да види, дополнителни, конкретни резултати за независноста на судството.

Пред нас е периодот што ни е даден за да ги испорачаме овие очекувања.

И ќе бидат испорачани! Премногу е вложено. Европската иднината на земјата е во прашање и секој што мисли дека има поинаков одговор на прашањето „Како до Европа?“, се лаже себе си, но многу поважно е дека ја лаже – македонската јавност.

Нема друг одговор ниту за неопходните дополнителни реформи за владеење на правото, за борбата против корупцијата и организираниот криминал, и за реформите во јавната администрација.

Ефективната имплементација на предвидените реформи е единствениот одговор. Нема друга алтернатива.

Нема друга алтернатива и одговорот на прашањето „Како до Европа?“, кога станува збор за улогата и вклучувањето на граѓанското општество во демократската трансформација на нашата земја.

На листата на штиклирани точки за Република Македонија, Европскиот Совет заклучи дека меѓу-етничките односи во земјата се значително подобрени, и дека надворешната политика на е во склад со таа на ЕУ.

Нашите пријатели од Европскиот Совет го поздравија договорот со Бугарија, како наш придонес за добрососедски односи како еден од предусловите на европските интеграциите.

Особено е истакнат и поддржан договорот со Грција, кој што го затвора долготрајното билатерално прашање. Целиот демократски свет прифати и оддаде признание дека начинот на кој беше постигнат договорот е целосно во согласност со најдобрите европски традиции за решавање дури и на најсложени прашања.

Тоа беше пресудниот момент Европскиот Советот да ја прифати одлуката за датум за преговори, како одговор за целиот постигнат напредок, кој воедно е и одговор на прашањето „Како до Европа?“.

Почитувани учесници на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“,

Со влегувањето на нашата земја во последната фаза од процесот за членство во Европската Унија, продолжува и испораката на конкретни резултати во реформите, и тоа во итните реформски приоритети во правосудството, во реформите на администрацијата, во борбата против корупцијата, како и целосна имплементација на договорот со Грција.

Но, одговорот на прашањето „Како до Европа?“, има и едно друго, многу важно дополнување: Испораката на резултати не завршува со членството во Европската Унија.

Со членството во Европската Унија ќе отпочне ново, континуирано испорачување на услови и на резултати што на нашите граѓани ќе им овозможи конечно да ги живеат европските вредности, во општество кое е на прагот да ги обезбеди тие стандарди.

Сега се тоа нашите реални, остварливи, перспективи. Оваа генерација политичари и граѓани, имаат одговори за нив“, изјави Премиерот Заев.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕвропаЗоран ЗаевконференцијаМЦМСперспективиЦивил
Share94Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ