• Latest

Заев – Могерини на Самитот во Лондон

July 10, 2018
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев – Могерини на Самитот во Лондон

July 10, 2018 07:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, кој ја предводи  македонската владина делегација на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“ во Лондон, денеска треба да има средба со високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Во рамки на Самитот е планирано Заев да оствари билатерална средба i со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, а на маргините да се сретне со директорот на британската Служба за национална безбедност Роберт Чатертон Диксон, како и со членови на Охрид – групата, во чија организација е и работниот појадок со 16 политичари, воени претставници и новинари од Обединетото Кралство.

Централните настани на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“ ќе почнат со прием што го организира премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Тереза Меј за шефовите на делегациите на земјите-членки на Берлинскиот процес и на земјите- членки на ЕУ присутни на самитот, како и за претставниците на Европската комисија.

Премиерот Заев е поканет да се обрати на панелот „Надворешна политика, билатерални прашања и наследство од минатото“, како и да учествува во работата на пленарната сесија водена од британската премиерка, на која ќе бидат презентирани плановите за Самитот во Варшава во 2019 година. На оваа пленарна сесија ќе се обратат полскиот премиер Матеуш Моравјецки, германската канцеларка Ангела Меркел и еврокомесарот Јоханес Хан на темата „Иднината на Берлинскиот процес“.

Официјалната програма на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе заврши со прием за сите делегации во палатата Сејнт Џејмс, што ќе го приреди принцот Чарлс. За време на приемот македонската делегација ќе има можност за куса билатерална средба со премиерката Тереза Меј.

Премиерот Заев вчера, на првиот работен ден од Самитот, присуствуваше на работниот ручек за шефовите на делегациите и на директорите на Европската инвестициска банка, на Европската банка за обнова и развој, на претставниците на Регионалниот совет за соработка на земјите од Западен Балкан, како и на претставниците на Регионалната канцеларија за соработка меѓу младите. Тема на работната сесија на ручекот, под раковдство на домаќинот на Самитот, премиерката Меј, беа економијата и регионалната соработка.

Заев попладнето се сретна и со извршниот директор на Фондацијата за демократија Вестминстер од Велика Британија Ентони Смит.

Од Лондон, премиерот Зоран Заев, со специјален лет заминува за Брисел каде ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО. 

Tags: „ЕУ - Западен Балкан“ЗаевЛондонМогеринисредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ