Премиерот Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Могерини ја охрабри Владата пред јуни оваа година да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година.
Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата.
На средбата присуствуваа и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
А. П.