По веста за тоа дека грчкиот парламент го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО со 153 гласа „за“ и 140 гласа „против“, премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша:
„Нашиот пријател, Република Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Одиме кон гарантиран успех. Полесно е со сојузници, гордо кажуваме дека ние сме НАТО!“