• Latest

Заев: Нема предвремени избори ниту ново парламентарно мнозинство

February 10, 2021

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Нема предвремени избори ниту ново парламентарно мнозинство

February 10, 2021 13:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори“, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

„Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има тие нема ништо да променат само можат да ги закочат развојните проекти“, рече Заев, според кого избори треба, мора и ќе се случат во периодот 2024 кога доаѓаат редовните парламентарни избори.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со повторните барањата за предвремени избори од опозицијата, премиерот рече дека веќе го кажал својот став.

„Ќе го повторам одговорот. Земјата наша помина неколкукратно низ фази на вонредни парламентарни избори и само изгубивме од тоа односно кога се случуваат вонредните избори застанува буквално се во државата најповеќе економијата. Се случија огромни работи во државата со сериозни историски одлуки и сето тоа е заради убавата економска иднина која сакаме да ја доживеат нашите граѓани. Повисок економски стандард, повисоки плати, нови работни места, дигање на севкупниот бруто домашен производ во државата, нови инвестиции и буквално еден нов квалитет на живот. Ова мораме сите заедно да го изработиме за да го постигнеме. А може и да го прекинеме со вонредни парламентарни избори. Зошто?“, праша Заев на прес-конфренцијата во Владата.

Премиерот во одговорите беше дециден дека треба да има редовни избори, но исто така потенцираше дека доколку сега има избори СДСМ и коалицијата би имале 50 пратеници.

„Избори треба да има, редовни. Ако има избори сега ние наместо 46 ќе имаме 50 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 пратеници и веројатно ќе ми е полесно како претседател на Владата, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци“, рече Заев.

Според него, избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ.

„На 21 март ќе се бира претседател, крајот на април конгрес ќе има. Веројатно тоа ќе се случи и во ВМРО –ДПМНЕ. Треба да се демократизираат и менуваат политичките партии затоа што само така ќе се модернизира државата“, вели Заев.

Во однос за тврдењата за ново мнозинство во Собранието, тој кажа дека дали некој ќе оди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зависи од тоа во чии заложби верува.

„Дали некој ќе оди со господинот Мицкоски тоа зависи од тоа дали верува во заложбите за кои тој се залага, а тоа е блокирање, мрчење, одложување, кочење или слично и последиците и конекциите од режимот. Кој тоа од коалициските партнери на Заев верува во тоа? Нека го каже. Нема таков. Истовремено дали од неговите коалициски партнери и неговите пратеници веруваат во ваквите политики и проекти, тоа е исто така гаранција дали некој ќе помине од опозоцијата во владејачкото мнозинство. Од тоа зависат работите дали пратеници ќе се одлеат од власта во опозоцијата или од опоицијата во власта“, рече Заев.

За напуштањето на советник на турската партија на Енес Ибраим на локалниот совет во Радовиш, тој рече дека секогаш е опција на партиите да размислуваат како ќе пристапат во пресрет на следни избори и оти локалните избори понекогаш давале можност сосема во договор партиите самостојно да настапуваат или да одат во коалиција.

„Досега со ТХП односно Партијата на Турците предводена г. Енес Ибраим којшто е и пратеник во Собранието на Северна Македонија сме настапувале заедно и така во иднина ќе се трудиме тоа да биде, но може да правиме и локални избори каде што сами би настапиле, а после изборно би направиле коалиции. Дали ќе ја напушти коалицијата на ниво на централна власт и парламентарно мнозинство убеден сум и сигурен сум дека тоа нема да се случи“, тврди Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ