Веднаш по појавувањето на Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал, откако претходно „исчезна“, премиерот Зоран Заев излезе со кратка објава во јавноста:
После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!
Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Премиерот најави и изјава за медиумите.