• Latest

Заев: Правевме се за час поскоро да ги обезбедиме вакцините

May 6, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Заев: Правевме се за час поскоро да ги обезбедиме вакцините

May 6, 2021 13:47
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во времето кога имавме сериозен предизвик од целата наша јавност, вклучително и опозицијата, но и сите други во државата, правевме напори на сите страни да обезбедиме вакцини. Со десетици фирми е разговарано. Плаќани се авансни гаранции. Авансот со кој во обезбедување на вакцината на „Синофарм“ прво се обидовме, секако дека е вратен, а деталите за тоа може да ги даде министерот за здравство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата околу набавката на кинеските вакцини и враќањето на авансот што бил уплатен.

Верувам, посочи премиерот, дека постои постапка за декласификација на сите документи, и тоа треба да го знаат граѓаните.

– Цените се познати за сите во светот кои ги набавуваат вакцините, сите останати држави на европскиот континент и во соседството и во светот. Тие се истите цени и кај нас. Ако постои механизам за декласификација ние ќе го направиме тоа како Влада односно соодветните институции за да може министерот за здравство да ги објави сите детали. Имавме напори одредени аванси да се платат да се изгарантираат комплетно, но во меѓународното плаќање сето тоа се знае како се регулира. Ако се испорачаат нарачките, тогаш и плаќањето се спроведува. Тоа е само по себе доказ дека сме правеле се за час поскоро да ги набавиме вакцините, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Потенцира дека може апсолутно да потврди дека одлуките не ги носи ниту правниот сектор на министерот Филипче, ниту министерот Филипче, ниту Заев, ги носи Владата согласно сите информации кои стојат на располагање, согласно соодветните моменти на набавки на вакцините.

– Верувам дека есенскиот период ќе имаме дури и поевтини цени на вакцините, затоа што ќе има уште поголема продукција на вакцините, но се досега што е набавено е во корелација или еднакво со сите други набавки на другите земји околу нас или во Европа, додаде Заев пред СЦ „Борис Трајковски“ каде што се вакцинираше против Ковид-19 со вакцина од кинескиот производител „Синофарм“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ