ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заев веќе се сретнал со Ахмети, Села и Гаши
По вчерашата куса средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, Зоран Заев се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши, јавуваат од ТВ 21.
Средбите се одвивале далеку од очите на јавноста, а ТВ21 дознава дека средбата со Зијадин Села била во Собранието.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Видео анализа на Катерина Колозова: Каква Влада сакам да имаме и кој би ја водел?
ФЛЕШ ВЕСТИ
Германската амбасадорка во РСМ, Холштајн, на седница на Владата ги презентираше приоритетите на германското претседателство со ЕУ, на врвот борбата против Ковид-19 и подготовката на преговарачката рамка.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во следните денови ќе имаат средби со партиите кои освоија пратенички места за евентуално формирање нова влада, но притоа потенцира дека останува на ставот дека тоа нема да го прави по секоја цена.
Министерството за образование и наука објави Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти заедно со видео како да се чистат и дезинфицираат.
Министерството за внатрешни работи ги демантираше денешните објави на „Алфа“ и „Скопјеинфо“, за распишан јавен оглас за вработување на 500 полицајци.
Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот.
До 10 август туристичките агенции може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за користење ваучери.
Во последните 24 часа се регистрирани 88 нови случаи на КОВИД-19, шестмина починати и 113 оздравени.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ со осуда против насилството и делата од омраза
ЦИВИЛ најостро го осудува секој акт на насилство, а особено актите кои произлегуваат од омраза кон неистомислениците или кон припадниците на различни заедници. Организацијата го осудува насилството врз претседателот на организацијата ЛГБТИ Јунајтед од Тетово, Беким Асани и бара од надлежните институции да ги пронајдат и санкционираат напаѓачите.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Не може да биде министер/ка човек што можеби има изострено чувство за рамноправност по етничка основа, но затоа нема никакво разбирање за родовата еднаквост и различната сексуална ориентација од неговата/нејзината“, пишува Џабир Дерала во Едно општество за сите, ама за сите!
А. Петровска