Премиерот Зоран Заев размислува за тужба против Мицкоски, откако тој на прес конференцијата вчера вечерта упати јавни закани за ликвидација и дека жестоко ќе се пресмета со премиерот и со неговите соработници.
За говорот на омразата и заканите денеска пишуваше и Џабир Дерала од ЦИВИЛ во својот редовен колумнистички „рафал“ под наслов „Политички шунд и порнографија“:
„Мицкоски му се закани на премиерот Заев со ликвидација. Слично како и Груевски во еден говор во Делчево, во 2016 година, така и тој во синоќешниот, бескрвен настап пред камерите (инаку е многу похистеричен), речиси отворено му се закани на премиерот и на сите негови поддржувачи. Меѓу другото, тој кажа: „Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш, сети се на Милошевиќ и сети се на Чаушеску. И тие мислеа дека се недопирливи, ама знаеш како завршија“. Ако поради ништо друго, тогаш само ова е доволно да го дисквалификува овој лик од сериозната политика. Мицкоски е очигледно во многу тешка ситуација“.
Б. Ј.