• Latest

Зајкова: Ако нема расположение за промена на изборниот модел, ЛДП е спремна да преговара за промена на математичката формула по која што се пресметуваат гласовите

July 10, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зајкова: Ако нема расположение за промена на изборниот модел, ЛДП е спремна да преговара за промена на математичката формула по која што се пресметуваат гласовите

July 10, 2023 12:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Не сум за предвремени избори, сметам дека тоа е неосновано трошење на буџетот на граѓаните. Но, ја туркаме идејата за реформи во Изборниот модел, бидејќи гледаме дека вака поставениот изборен модел, не дава некаков избор на граѓаните“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка, во интервјуто за ТВ Тера.

Зајкова додаде дека анкетите покажуваат дека голем процент од граѓаните не излегуваат на избори бидејќи  нивниот глас оди во ветер.

„Доколку заокружиле за некој партија која што не освоила доволно во една изборна единица, меѓутоа на ниво на цела држава освоила значителен број на гласови, сепак останува без свој претставник во Парламентот“, вели Зајкова.

Таа додава дека барањето за една изборна единица е дел од програмските договори кои што ЛДП ги водела, а каде СДСМ изразила декларативна поддршка, но процесите не се одвиваат.

„Формирана е една работна група во Министерството за правда, меѓутоа таа работи исклучиво по забелешките на ОБСЕ/ОДИХР кои што не ја опфаќаат промената на изборниот модел. Ние како предлагачи, остануваме на ставот за една изборна единица. Комисијата донесе заклучок на комисиската расправа дека треба да се води јавна дискусија, што по мене е апсурдно, бидејќи во минатиот парламентарен состав исто така се водеше јавна дискусија“, вели Зајкова.

Таа смета дека големите политички партии од македонскиот и албанскиот блог си ја префрлаат топката. Според неа, на пример, ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да направи измени, што не ги направи, па бараа 120 изборни единици, а сега се поддржувачи на една изборна единица. Од ДУИ, пак, вели Зајкова, во минатиот состав со амандмани се блокираше процесот, а сега бараат нереални прагови од 5%.

„ЛДП е на ставот дека ако нема расположение за промена на изборниот модел, е спремна да преговара за промена на математичката формула по која што се пресметуваат гласовите, што, исто така, може да биде некаков напредок во делот на еднаква репрезентативност на гласот“, додава Зајкова.

Tags: изборен моделЛДПМоника Зајкова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ