• Latest

Зајкова: Потребни се државнички решенија, а не да се создава нов конфликт, да се креираат непријатели и да се сее страв

August 30, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Зајкова: Потребни се државнички решенија, а не да се создава нов конфликт, да се креираат непријатели и да се сее страв

August 30, 2023 12:41
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија Моника Зајкова во интервју за Рацин.мк зборува за постојаната реторика на опозицијата за избори во тек на значаен процес, измените на Уставот, стратешката определба за ЕУ, како и за опасноста опозицијата повторно да не внесе во чекална на ЕУ, во која поминуваме години и години.

Во комуникацијата со колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се чувствува ли кај некои од потреба за изгласување на уставните измени и желба за европска перспектива на земјата или пак се чувствува страв и притисок од раководството на партијата?

Моника Зајкова: Пратениците се народни избраници и не треба секогаш да ги следат исклучиво партиските ставови. Секој пратеник треба да носи одлуки по сопствена волја и согласно неговата визија за тоа каква треба да биде државата и каде ја гледа, во корелација со стратешките интереси кои сме ги поставиле. Ако сите сме согласни дека сме за напредок на државата на евроинтегративниот пат тогаш тоа треба да го покажеме освен со зборови и на дело. Од празни зборови и популизам останавме години во ЕУ чекалната.

Затоа кога стоиме пред одговорна и тешка одлука, потребни се државнички решенија, а не да се создава нов конфликт, да се креираат непријатели и да се сее страв. Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се е само израз на сопствената несигурност.

Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се е само израз на сопствената несигурност.

 

Како лидерка на ЛДП како го коментирате непопустливиот  став на Мицкоски по однос на уставните измени?  Дали станува збор за суета или пак за нешто подлабоко?

Моника Зајкова: Секој од нас кога добил можност да извршува некоја функција треба да е свесен дека мора да носи и тешки државнички одлуки кои може да бидат на сметка на неговата политичка кариера, а не да бега од нив само подолго да се задржи на тронот. Треба да покажеме големина кога е во прашање државата и иднината на граѓаните. Разбирливо е да дискутираме со „За“ и „Против“ аргументи зашто треба да се спроведе процесот. Но, единствениот аргумент да ни биде дека е потребно „да одиме на избори“ најмалку ни носи напредок на државата.

Ќе вроди ли со плод  ангажманот на САД и претставниците на ЕУ во разубедување на опозицијата и со тоа продолжување на европскиот пат на Македонија?

Моника Зајкова: Треба да сме самите свесни, да се стремиме за напредок, да водиме напред во ЕУ семејството. Ние, додека дебатираме и мериме на политички кантар за ЕУ, граѓаните ни заминуваат во поперспективни европски држави кои имаат развиени економии и нудат можности за нивниот подобар животен стандард. Ние буквално го трошиме времето во стоење во место, затоа треба да ја премостиме пречката да не останеме таканаречената црна дупка на Балканот, односно да бидеме во друштво на речиси сите земји од регионот кои преговараат со ЕУ.

Кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. И тогаш, со донесување на тешки, но рационални одлуки, од страна на истите партии кои сега седат во ова мнозинство. Благодарение на тие одлуки се случи безвизниот режим со земјите членки на ЕУ.

Сега лесно се патува во ЕУ, се отворија можности за студирање на нашите млади луѓе на престижни универзитети надвор од земјата, можности за вработување и поддршка на своите дома, овде во државата, за стекнување на нови искуства и вештини. Се отворија европските фондови од кои што се финансираа и се уште се финансираат огромен број на проекти во сите општини и во кои што се ангажирани многу млади и паметни луѓе, кои што на тој начин си ја обезбедуваат егзистенцијата овде, во државата.

Сега повторно ние сме тие кои што треба да застанеме зад нив и да го носиме товарот, колку и да тежи. Да не им го оставаме нашето бреме, затоа што и тие ќе мора еден ден да го понесат своето. Ако нашата генерација сега извојува победа, следната генерација својата битка ќе ја води за уште повисоки цели.

Затоа сметам дека е добро да направиме чекор надвор од чекалната.

Доколку како владеачко мнозинство сепак не успеете да обезбедите двотретинско мнозинство, кои опции ви стојат на располагање? Има ли простор за компромис и за предвремени избори?

Моника Зајкова:  Што ќе сменат предвремените избори? Ќе ги ставиме проблемите во фиока и после избори ќе добиеме магично стапче и се ќе се среди? Не сметам дека на Македонија и требаат постојано предвремени избори затоа што гледаме од праксата во минатото дека со нив ништо не се менува, а најмалку пак државата напредува. Знаеме колку финансии се трошат од буџетот кој го полнат граѓаните за избори. Искрено не гледам што би промениле изборите и каков бенефит од истите би имала државата и граѓаните.

Постојаната реторика за избори во тек на значаен процес влева сомнеж дека сепак проблемот на опозицијата не е во дополнувањата на Уставот. Не е проблемот ниту во стратешката определба за ЕУ. Туку исклучиво во прашање е власта. Сега или никогаш, по секоја цена. Или со нас или никако. Упорно се “качува” рејтинг со сеење страв, со создавање на чувство на загрозеност и немоќ пред креираните непријатели внатре и однадвор. Повторно самоуништувачки поделби до крај, без никаква одговорност за тоа што ќе биде утре. Никој не може да биде наш поголем непријател од нас самите. И никој не може да ни помогне повеќе отколку ние самите на себе.

Не треба да ги одложуваме работите, тоа значи само едно, бегање од одговорност до изборите, а што потоа? Ќе се случат и избори, тоа барем е извесно, најдоцна за една година. Но, што потоа?

Ставот на парламентарното мнозинство е јасен. Ги прифативме сите предизвици, нудиме најдобро прифатливо решение, кое што по ниту еден основ не нè загрозува ниту како држава ниту како граѓани, за во ноември широко да си ја отвориме европската перспектива.

Кој е ставот на опозицијата? Што тие ќе направат по изборите, ако до ноември не се создадат услови за одржување на Втората Меѓувладина конференција со ЕУ? Повторно ли ќе не внесат во чекална, во која поминуваме години и години.

Постојаната реторика за избори во тек на значаен процес влева сомнеж дека сепак проблемот на опозицијата не е во дополнувањата на Уставот. Не е проблемот ниту во стратешката определба за ЕУ. Туку исклучиво во прашање е власта. Сега или никогаш, по секоја цена.

 

Какви би биле економските, политичките и безбедносните ризици за земјата доколку поради немање промена на Преамбулата настане празен простор  на европскиот пат?

Моника Зајкова:  Треба да сме свесни дека најголемите фондови за капитални проекти ги добиваме од Европската унија. Треба да мислиме и на трговската размена.

Да го искористиме моментот да почнеме да преговараме по поглавја кои ќе ни донесат реформи за кои политичарите не успеаја да најдат заеднички јазик, за кои уште се во таканаречено статус кво за кои можеби и така им одговарало на одредени политички структури.

Затоа што има ли нешто што е поважно од животот – достоинствен, безбеден, во држава која што има капацитет да се грижи за целосно остварување на правата и слободите на сите свои граѓани, без разлика на верската, националната или било каква друга припадност. Затоа што пред се сме луѓе на кои што ни е даден ум и разум да бараме и да наоѓаме решенија да опстанеме, да живееме подобро, да се бориме за она што е наше, да се почитуваме меѓу себе, но да ги почитуваме и другите. Само луѓе со самопочит и со самодоверба, со светло минато и со јасна визија за иднината знаат да донесуваат тешки одлуки во клучни моменти, без затскривање и одлагање на прашањата.

Не смее веќе да дозволиме сите земји да одат пред нас. Албанија ќе ги почне преговорите, Србија и Црна Гора се во тек на преговори, свесни ли сме во која група останува Македонија и што тоа ќе значи?!?

Го губиме супстратот на државата секој ден- населението зашто луѓето ни одат во по перспективни земји.

Скринингот ќе заврши, ако сами себе се блокираме и останеме повторно да чекаме подобри времиња кои поучени од историјата никогаш не дошле напротив дошле полоши тогаш одговорноста ја сносиме сите ние заедно.

Во медиумскиот простор како да нема доволно застапеност на коалициските партнери на СДСМ вклучувајќи ја и вашата партија, поради што подолго време во јавниот дискурс „доминира“ партијата на Павле Трајанов иако има само еден пратеник. За што станува збор?

Моника Зајкова: Од Либерално-Демократската партија често имаме ставови и реакции по однос на важни државнички прашања, но и мерки и решенија за кои се залагаме, а се од интерес на граѓаните. Лесно е да сте 30 години на клучни функции и да зборите популистички без да имате чувство дека и вие сте одговорни за она што го живееме денес. Во Македонија секогаш повеќе интерес будел популизмот отколку реалноста, затоа можеби и се стекнува впечаток дека не нема во јавниот дискурс.

Што се однесува до медиумите ја почитувам нивната слобода да пренесуваат она што ценат дека е од особена важност бидејќи тие имаат огромна улога во креирање на јавното мислење.

Како претседателка на Либерално-Демократската партија задоволна сум од соработката која ја имаме со медиумите, иако ќе бидам и самокритична треба да сме и ние погласни, бидејќи конструктивниот дијалог е основата на секоја просперитетна демократија.

Извор:Рацин. Со пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија Моника Зајкова разговараше Љубиша Николовски. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориЛДПМоника ЗајковаУставуставни амандмани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ