• Latest

Закани врз набљудувачите на ЦИВИЛ, семејно гласање, кршење на изборниот молк

October 29, 2017
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

October 7, 2025

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Закани врз набљудувачите на ЦИВИЛ, семејно гласање, кршење на изборниот молк

October 29, 2017 15:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

(прес конференција 13:30 часот, со податоци од теренот обработени до 12 часот)

Од почетокот на гласањето до сега се нотирани три случаи на притисок врз мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, и тоа во општините Штип, Кавадарци и Сарај.

Член на избирачкиот одбор на ИМ 2447/1 упатил крајно сериозни закани врз мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој се наоѓаше на тоа и на ИМ 2447 во село Ласкарци, општина Сарај. Настанот се случил нешто по 11 часот. Заканите дошле од лицето, член на ИО, кое било револтирано од присуството на набљудувачите на ЦИВИЛ, односно од извештаите на ЦИВИЛ од првиот круг на изборите.

ЦИВИЛ одлучи да ги повлече своите набљудувачи од ова село, во кое и на првиот изборен круг се нотирани изборни нерегуларности. „Не веруваме дека во Ласкарци ќе се одржат слободни избори. Ги повикуваме институциите, особено ДИК, да ја провери кондицијата на лицата ангажирани во своите тела, а препорачување МВР да ја засили својата контрола во овој дел од општина Сарај и да помогне изборниот процес да се одвива непречено“ – изјави Џабир Дерала на прес конференцијата во 13:30 часот.

„Апелираме до политичките партии веднаш да престанат со притисоци врз граѓанките и граѓаните и веднаш да престанат со кршењето на изборниот молк. Изборниот молк се крши како воопшто да не постои забрана за партиска активност во текот на изборниот ден. Бараме од партиските структури изборната администрација веднаш да престанат со опструкциите на набљудувачите на ЦИВИЛ“ – нагласи претставникот на ЦИВИЛ – „Ние енергично ќе реагираме на секој обид да се изврши притисок врз нашите набљудувачи и решени сме да одиме до крај во законската битка со насилниците.“

На избирачкото место 0683 во Кавадарци, набљудувачка на ЦИВИЛ била спречена да влезе во избирачко место за да набљудува, со образложение дека на овластувањето не бил наведен број на избирачкото место. Избирачкиот одбор не е овластен да одредува кој и каде може да набљудува.

Во Штип, еден припадник на полицијата се обиде да ја ограничи слободата на движење на наш набљудувач и со тоа да го попречи во вршењето на неговата задача. Полицаецот постапил според законот и се повлекол пред аргументите на нашиот набљудувач.

Очигледно, модерно е да се биде ЦИВИЛ. Така, извесна госпоѓа, претставувајќи се како набљудувачка на ЦИВИЛ, без легитимација, избирачкиот одбор на ИМ 2778, ѝ дозволил на набљудува, иако на истото место се наоѓа набљудувач на ЦИВИЛ со уредна документација.

Во меѓувреме, од 9 до 12 часот, до ЦИВИЛ пристигнаа 29 извештаи за нерегуларности. На прес конференцијата на ЦИВИЛ беа презентирани извештаите од обработените случаи до 12 часот, според редоследот по кој се внесувани во системот на ЦИВИЛ.

Набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија два случаи на фотографирање на гласачкото ливче до 10 часот. Првиот случај е во ОУ „26 Јули“, ИМ 2959, во општина Шуто Оризари. Лицето е фатено на дело и веднаш приведено од полицијата.

Вториот извештај за фотографирање на гласачкото ливче доаѓа од општина Кисела Вода. Во избирачкото место 2660, во МЗ Црниче, едно лице го фотографирало гласачкото ливче, на што реагирале набљудувачите и, по брза интервенција на полицијата, било приведено.

Активист на една партија го сликал гласачкото ливче и го објавил на инстаграм.

Во ИМ 0310/1, Општина Виница, член на ИО станал и гласно му сугерирал на гласач за кого да гласа.

Семејно гласање е нотирано во повеќе избирачки места во општина Студеничани, и тоа во ИМ , 2347/1 и ИМ 2345/1 во ОУ „Наим Фрашери“. Семејното и групното гласање, без реакција од избирачките одбори, продолжува, практично, непречено.

Во општина Липково, се нотираат случаи на семејно и групно гласање, и тоа во с. Липково, ИМ 1112/1, с. Слупчане ИМ 0024, и с. Отља во ИМ 1119 и 1119/1. Во општина Шуто Оризари, случаите на семејно и групно гласање се повеќе од чести и сосема вообичаени, без реакција од избирачките одбори. Особено чести се случаите на семејно и групно гласање во избирачките места во ОУ „26 Јули“ во таа општина.

Забележано е кршење на изборниот молк во општина Пробиштип. Партиски набљудувачи излегле пред објектот на ОУ Никола Карев и гласно ги повикувале минувачите да гласаат за нивната партија, а дел од нив се јавуваат по телефон и вршат притисок врз гласачите да излезат на гласање и да гласаат за нивната партија.

Избирачките одбори во ИМ 1112 и 1112/1 во с. Липково, едноставно, не употребуваат УВ ламба.

Во с. Слупчане, општина Липково, ИМ 0024, избирачкото место е отворено со задоцнување од 39 минути, затоа што набљудувачите од една партија инсистирале да се пребројат гласачките ливчиња пред почетокот на гласањето. Три пати се броеле додека се согласиле дека се е во ред.

Претходно ЦИВИЛ извести дека ИМ 2433, во ОУ „Дитуриа“, во општина Сарај било заклучено до 8:30 часот. Според законот, на овие ИМ треба да се продолжи гласањето за толку време колку што траело доцнењето.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: заканикршење на изборниот молклокални изборимониторингнерегуларностипритисоцисемејно гласањеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ