• Latest

Законот за минимална плата е блокиран во Собранието!

August 25, 2017

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за минимална плата е блокиран во Собранието!

August 25, 2017 10:06
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 130 илјади работници во Македонија, не ќе можат да добијат минимална плата од 12.000 денари, за септември, доколку до крајот на овој месец, Собранието не ги изгласа измените на Законот за минимална плата! Според Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, единствено од Собранието зависи кога ќе се имплементира оваа законска измена, која што има за цел да го подобри животот на граѓаните, кои досега примаа минимална плата од околу 9.000 денари.

„Законот се однесува на платите од септември, а на работниците им се исплаќаат во октомври, меѓутоа Законот е блокиран во Собранието речиси еден месец, поради тоа, не знаеме кога ќе биде донесен. Останува да видиме како ќе работи Собранието, дали воопшто ќе работи, наредниот период, дали овој Закон т.е. овие измени ќе се најдат на дневен ред, што ќе прават пратениците, можеби ќе имаа опструкции, како што имаше досега… Останува да видиме“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Јовановиќ.

„Ќе бидат опфатени околу 130 илјади работници, што сега имаат плата под 12.000 денари. За да нема отпуштање на овие работници, предвидено е да има државна помош. Најголем дел од нив се вработени во текстилната индустрија и во трговијата. Висок процент од околу 40 отсто вработени во текстилната индустрија, кадешто работат околу 40.000 лица, значи 16.000, имаат плата под 12.000 денари. Во трговијата тој процент е помал, но измените се однесуваат на најзагрозените дејности, каде што работниците се најмалку заштитени“, додава Јовановиќ.

„Финансиската поддршка за фирмите ќе се исплаќа преку Министерството за труд и социјална политика, за да се спречи отпуштање на вработените. Во ребалансот за буџетот се предвидени пари за оваа намена, државата во првите шест месеци ќе покрива, околу 70 % од покачувањето на платата, а во наредните шест месеци, тој износ се преполовува. Во првата година ќе има државна поддршка. За да се добие поддршка, фирмите треба да кажат за кои вработени им е потребна поддршка …“, вели за ЦИВИЛ Медиа економскиот експерт Јовановиќ.

 

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Даниела Нисева

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: блокадаБранимир Јовановиќизмени на Закон за минимална платаминимална платаМинистерство за финансииМТСПСобраниесоветник на министерот за финансииСоцијална заштитасубвенциитекстилтрговијафирми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ