• Latest

Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедува принцип на еднаквост и остварување на човековите права и слободи

December 18, 2020

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедува принцип на еднаквост и остварување на човековите права и слободи

December 18, 2020 12:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера изјави дека Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, и дека за нив сите граѓани се исти и секој има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен.

Шахпаска ја потенцираше важноста од носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој претставува  законско решение за кого гласаа заедно и власта и опозицијата, што е вистински сигнал дека нашето општество се движи во вистинска насока.

Таа воедно зборуваше и за активностите и политиките кои во моментот се реализираат, како што е Акцискиот план за  унапредување на правата на ЛГБТИ+ заедницата, а она на кое треба да се работи периодот кој доаѓа е Евалуација на стратегијата за еднаквост и недискриминација која што ќе претставува темел за создавање на нова стратегија. Воспоставувањето на СОС линијата за ЛГБТ заедницата и првиот шелтер центар за лицата од ЛГБТИ+ заедницата се дел од проектите кои се реализирани.

Министерката го истакна значењето на секој од нас од својата позиција, а особено вршителите на јавни функции, граѓанскиот сектор, да придонесат во овозможувањето на уживање на сите права на еднакви основи за сите граѓани, како правото на образование, здравствена заштита, правата на учество во јавниот и политичкиот живот. Таа додаде дека без разлика дали се работи за лица од ЛГБТ заедницата, лицата со попреченост, политичари или работници, дискриминација не смее да постои.

Шахпаска го потенцираше успехот на нашата земја на картата на Rainbow за 2020 година карта која ги рангира земјите во однос на напредокот во почитувањето на лицата на ЛГБТИ+ заедницата, каде сме  рангирани на 33 позицијата односно бележиме скок за  12 позиции во однос на минатата година.

„Тоа значи дека нашата земја сериозно чекори во имплементацијата на човековите права како еден од условите да станеме рамноправен член на големото европско семејство“, заклучи Шахпаска.

Законот за спречување и заштита од дискриминација беше донесен во октомври годинава, со 70 гласа „за“ во Собранието.

Законот обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Преку овој Закон земјата се доближува до меѓународните стандарди усвоени од ООН и Европската Унија, а граѓаните добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува еднакви услови за развој за сите.

Измените меѓу другото, предвидуваат членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да ги предлага посебна Комисија за селекција, составена од седум члена – по два пратеника од власт и од опозиција и тројца претставници од граѓанското општество, наместо тие да бидат на предлог на собраниската Комисија за избори и именувања.

Законот за спречување и заштита од дискриминација. еднаш веќе ги помина сите филтри – и во владина и во собраниска процедура и е целосно усогласен и работен во соработка со невладиниот сектор, но поради одредени претходни пропусти, Уставниот суд на 14 мај оваа година го укина. Со неговото донесување  во речиси идентична форма, како онаа што беше изгласана во Собранието, се надминува празнината во немањето заштита од дискриминација по кој било основ што настана по неговото укинување, а која беше нотирана и во Извештајот на ЕК за 2020 година за напредокот на земјата.

Премиерот Заев тогаш изјави дека припадниците на маргинализираните заедници, вклучувајќи ја и ЛГБТИ+ заедницата се еднакви пред законот како и сите останати граѓани.

„Со стапувањето на сила, секој граѓанин ќе знае дека е безбеден во својата држава и дека ќе може да ги обезбеди своите права, загарантирани со уставот. Честитки за сите активни граѓани кои доследно се изборија за овој успех“, додаде Заев.

А. П. 

Tags: антидискриминацијаеднаквостЛГБТ заедницаСобраниечовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ