КАТЕРИНА КОЛОЗОВА
Реков и пак ќе речам, одделот во МОН (ENIC/NARIC) си работи ко што треба и мора, НО, Законот е во судир со Болоња: Наместо високо-образовните установи да признаваат (практично) автоматски кредити и дипломи, тие, при потпишување на Повелбите на Европската образовна област (ECHE), всушност мора да го кршат ветувањето дадено во Повелбата.
Зошто?
Ако го почитуваат нашиот закон – ја кршат Болоња и повелбата што им е доделена. Ако ги почитуваат Еразмус и Болоња – го кршат нашиот закон (и бесмислицата „нострификација“).
Кога ќе видиш, толку здрав разум имаме, нашиот закон за високо образование ја прекршува Lisbon Recognition Convention (LRC) и останатите конвенции на Болоњскиот процес. Овие конвенции се над националниот закон. Државава да си размисли за ова и конечно да земе консултанти кои не се од старата закостена номенклатура – ова ги вклучува и нивните династиски наследници – и да го оправи законот, оти законот не ни е законит, како во овој дел така и во сите аспекти на ПРАКТИЧНО (а не декларативно) практикување автономија.