• Latest

Заменик министерот Буши на годишната министерска конференција во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог

September 20, 2022
Фото: Скриншот од видео на 
CNN-News18

Израел дозволи влез на помош во Газа по 11-неделната блокада, ОН го нарече тоа „капка во океанот“

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

По разговорот со Трамп, Путин сè уште одбива целосно примирје, повторно ги наведува руските „коренити причини“ за војната во Украина

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 19, 2025

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заменик министерот Буши на годишната министерска конференција во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог

September 20, 2022 15:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
“Еден од главните предуслови за ефикасно управување со границите и со миграциите е ефикасна регионална, но и меѓународна соработка, па меѓу нашите главни приоритети е нивното одржување и продлабочување, и тоа пред се, со земјите од регионот, со земјите на транзит, на потекло, со агенциите на Европската Унија, во прв ред Фронтекс – Европска агенција за гранична служба и крајбрежна стража, Европол, ЕАСО, со Обединетите Нации, односно Меѓународната организација за миграција, УНХЦР, како и релевантни меѓународни организации – ОБСЕ, ИЦМПД, ДКАФ, и други“, информираат од МВР.

Ова меѓу другото го истакна заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши на годишната министерска конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од западниот Балкан и ЕУ, што во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог, од 20 до 21 септември се одржува во Сараево.

На конференцијата на која што присуствуваат и претставници од повеќе меѓународни асоцијации и организации како и претставници на Европската комисија, и која што е посветена на многуте аспекти на проблематиката со илагалната миграција, заменик минстерот Буши потенцираше дека Република Северна Македонија активно учествува во бројните меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, како Салцбуршкиот форум, Будимпештанскиот процес, Прашкиот процес, Заедничката координативна платформа, Програмата за гранична безбедност на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ). Притоа нагласувајќи дека со оглед на случувањата на тнр. „западно-балканска рута„ во последните години, најинтензивна е соработката со земјите кои се дел од неа или пак се во нејзина непосредна близина, при што од особено значење се заедничките и координирани операции спроведени во поддршка од страна на некои од веќе споменатите организации.

“Еден од главните предуслови за ефикасно управување со нелегалната миграција и миграцијата воопшто е зајакнувањето на прекуграничната соработка, мислејќи пред се на постоење ефикасен механизам за враќање, доброволно и присилно, во земјите на потекло. Политиките за реадмисија и механизмите за враќање се од посебно значење за успешно управување со миграцијата, но истовремено се области каде што се соочуваме со сериозни предизвици, особено во делот на неможноста ефикасно да се вратат дел од нелегалните мигранти во нивните земји на потекло“, потенцираше заменик министерот Буши.
Инаку, главниот тематски фокус на годинашнава министерска конференција на Вториот сараевски миграциски дијалог се прашањата за враќање и реадмисија во земјите на потекло, со цел да помогне во стимулирање на дијалогот меѓу регионалните власти, ЕУ, Западен Балкан и земјите на потекло во дефинирањето на најдобрите модалитети за справување  со овие прашања. Односно обезбедување на форум за зајакнување на соработката и механизмите за координација помеѓу миграциските власти од ЕУ и регионот, во насока на олеснување на размената на информации и искуства клучни за ефективно управување со миграцијата и за идентификација на најдобрите партнерски модалитети во иднина.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ