• Latest

Заменик-министерот за надворешни работи Жерновски во работна посета на САД

July 25, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заменик-министерот за надворешни работи Жерновски во работна посета на САД

July 25, 2018 11:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска и утре во Вашингтон ќе учествува на Министерска конференција за унапредување на верските слободи, на покана на  државниот секретар на САД Мајкл Помпео.

– Промовирањето и заштитата на верските слободи е приоритет на американската администрација и за таа цел државниот секретар Помпео ќе биде домаќин на прва министерска конференција која покрај министри и владини претставници, на едно место ќе собере бројни верски лидери, борци за човекови права и претставници на граѓанскиот сектор. Тие ќе разговараат за предизвиците, ќе идентификуваат конкретни мерки и чекори за борба против верскиот прогон и дискриминацијата и обезбедувањето поголемо почитување на верските слободи за сите, соопшти Министерството за надворешни работи.

Конференцијата ќе ја одбележи и 20-годишнината на Меѓународниот акт за верски слободи донесен од американскиот Конгрес во 1998 година со бипартиски консензус. Тој е основен документ кој ја афирмира важноста од промовирањето на религиозните слободи како клучен елемент во надворешната политика на САД.

Покрај државниот секретар Помпео, на отворањето на конференцијатаќе се обрати и потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

МНР соопшти дека Жерновски за време на дводневната работна посета на Вашингтон ќе оствари средби со високи претставници на американската администрација, средби во Белата куќа, во Стејт департментот, Конгресот и со тинк-тенк заедницата. (МИА)

Tags: Андреј ЖерновскиМајкл ПомпеоМинистерство за надворешни работиСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ